Експерт од Ирак: За 8 месеци Турција купила нафта и гас за 800 милиони долари од „Исламска држава“
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2015
Терористичката група „Исламска држава“ за последните 8 месеци има продадено ирачка нафта и гас на „црниот пазар“ на Турција за 800 милиони долари.
Тоа го изјавил поранешниот советник за национална безбедност во Ирак, Мувафак ар-Рубаи, соопштуваат агенциите.
„За последните осум месеци е остварена продажба на ирачка нафта и гас на „црниот пазар“ на Турција во износ од 800 милиони долари.
Тоа е цена која е за 50% пониска од пазарната цена, и која се тргува на берзите“, изјавил тој.