Експлозија пред куќа на новинар
Објавено во: Балкан 02 Април, 2018
Пред куќата на новинарот Сеад Садиковиќ кој работи во црногорската телевизија Вијести, доцна синоќа во центарот на Бијело Поље имало силна експлозија.
РТЦГ пренесе дека експлозивна направа била активирана под автомобил со белградски регистерски таблички.
Садиковиќ изјави дека не е повреден ниту има штета врз неговиот дом. Увид ќе биде извршен денеска, јавија црногорски медиуми.