ЕКСПЛОЗИВНАТА НАПРАВА СЕ АКТИВИРАЛА И ЗАГИНАЛ: Русија спречи терористички напад во Самара
Објавено во: Свет 26 Март, 2024
Русија спречи терористички напад.
Во Самарската област, 30-годишен маж планирал да активира бомба во зграда во која се примала хуманитарна помош, информира Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), пренесува Спутник. При акцијата за апсење експлозивната направа се активирала сама, од што терористот загинал. Нема повредени меѓу членовите на ФСБ и цивилите. Федералната служба за безбедност кажа дека напаѓачот е соучесник на Рускиот волонтерски корпус (РДК), кој според руските власти е под покровителство на украинските специјални служби. Се смета дека украинската разузнавачка служба лани го регрутирала преку РДК и дека се согласил да организира и да врши диверзии на територијата на Русија. При претресот во неговиот стан, откриена е лабораторија за изработка на експлозивни направи, компоненти и уште една бомба подготвена за употреба. Руски корпус и уште два баталјона од руски граѓани се борат на страната на Украина. Во петокот, во напад во Москва загинаа 139 луѓе, а 180 се повредени. Уапсена е група од државјани на Таџикистан.
foto EPA