30 Април, 2024
0.0260

Експресна диета за празниците

Објавено во: Стил 24 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Ако треба да отфрлите неколку килограми пред празниците, пробајте со експресната диета - со неа за три дена ќе ослабеете околу 3 кг.

Ден 1: Протеини.

Фокусирајте се на млечните производи. Авторите на диетата препорачуваат 400 г обезмастена урда и 4 чаши природен јогурт дневно. Поделете ја храната на 6 пати, во 2-3 часа. Пијте многу вода и чај без шеќер.

Ден 2: јаглехидрати.

Консумирајте овошје и зеленчук во сооднос 50:50 (700 г овошје и 700 г зеленчук) - сурови, свежи , печени или на пареа. Фокусирајте се на зелката, морковот, целерот, кромидот, спанаќот, но откажете се од компирот. Од плодовите најпогодни се јаболката и цитрусите. Избегнувајте банани и грозје.

Ден 3: протеински-јаглехидрати.

Во денот се дозволени 4 грејпфрути и 4 варени јајца - наизменично ги консумирате во 2 часа. Пијте многу вода и не додавајте шеќер кон кафето и чајот.