05 Мај, 2024
0.0253

Експресниот пат Штип - Радовиш единствена светла точка, за поврзувањето со Бугарија само 500 илјади евра

Објавено во: Економија 14 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Инвестициите од странски кредитирања за подобрување на македонската патна инфраструктура се преполовиле во 2020, покажува извештајот за работата на Јавното претпријатие за државни патишта.

Било планирано да се позајмат 150 милиони евра минатата година, но на крајот се потрошиле само 70 милиони. За споредба, во 2019 биле потрошени 130 милиони евра за автопати, регионални патишта и патарини.

Голем пат бележи финансирањето од Светска банка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка, но за таму од ЈПДП велат дека постојат објективни причини како недостатоци во проектирањето, археолошките наоѓалишта и дислокација на електрична мрежа.

Единствено со добра динамика се реализирале заемите од Европската банка за обнова и развој. За експресниот пат Штип - Радовиш биле потрошени 15 милиони евра, или повеќе од два милиони од предвиденото. Тоа резултираше со негово пуштање во употреба годинава со должина од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим. Оваа прва фаза беше завршена пред предвидениот рок, во услови на пандемија. 

Патот се градеше три години, а премиерот Зоран Заев за него рече дека во последните триесет години тој е единствениот завршен пред предвидениот рок во Македонија. За останатите магистрални патишта банката понудила повеќе од 40 милиони евра, но сме потрошиле само околу 22 милиони.

Ниту поврзувањето со Бугарија не одело со предвидената динамика.За патот Крива Паланка - Деве Баир биле потрошени само 500.000 евра иако требало 4 милиони евра. Една година претходно барем се потрошиле 1,5 милиони.

Воведувањето на електронски систем за наплата на патарините стагнирал, а единствено со околу милион и пол евра се изградила наплатната станица кај Демир Капија. Биле предвидени и 200 милиони денари за обновување на патарините на Коридорот 8 но не се потрошиле.

Кредитирањето на кинеската Ексим Банка за автопатот Охрид - Кичево е приказна сама за себе. Било планирано да се потрошат годината 75 милиони евра, но реализацијата била само 23 милиони. Тоа е речиси двојно помалку од 2019-та.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години