Екстремни горештини во САД
Објавено во: Свет 19 Јуни, 2021
Рекордни температури има на југозападот на САД.
Ги очекува екстремен топлински бран. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за екстремни температури во пет држави – Калифорнија, Невада, Јута, Ариозона и делови од Колорадо, наведувајќи дека температурите, кои растат над 38 степени Целзиусови, може да бидат опасни.
Енергетскиот систем на Тексас и Калифорнија досега успеваше да ја подмири побарувачката, но операторите ги предупредија граѓаните дека ако не сакаат да штедат струја, таа може да биде исклучена за системот да функционира.
Во Тексас температурите малку паднаа, а побарувачката за струја достигна врв во понеделникот. Во Калифорнија во четвртокот побарувачката се искачи на 41.364 мегавати. Еден мегават струја доволен е за 200 домаќинства по жежек ден. Намалување на жештините се очекува идната недела.