19 Мај, 2024
0.0276

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

Објавено во: Свет 07 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Европјаните пијат помалку алкохол од порано. Во Европската Унија(ЕУ), вкупната потрошувачка на алкохол по лице на возраст од 15 и повеќе години е намалена за 2,9 литри во последните четири децении, oдносно од 12,7 литри во 1980 година на 9,8 литри во 2020 година, што одговара на намалување од 23 проценти.

Потрошувачката на алкохол во Европскиот регион на Светската здравствена организација(СЗО), кој опфаќа 53 држави, вклучувајќи ја Русија и околните земји, се намали од 12 литри во 2000 година на 9,5 литри во 2020 година, што одговара на намалување од 2,5 литри (21 процент). Сепак, европскиот регион на СЗО сè уште има највисоко ниво на консумирање алкохол по лице во светот.

Секоја година, секој човек на возраст од 15 и повеќе години во европскиот регион пие во просек по 9,5 литри чист алкохол. Ова е еквивалентно на 190 литри пиво, 80 литри вино или 24 литри алкохолни пијалоци.

Во 2020 година, годишната потрошувачка на алкохол варира од 1,2 литри во Турција до 12,1 литри во Латвија меѓу 36 европски држави, вклучувајќи ги ЕУ, Велика Британија, Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) и земјите кандидати за членство во ЕУ.

foto freepik.com/senivpetro

Можеби ќе ве интересира

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела