НА 15 КИЛОМЕТРИ ОД РАФА: „Никнува“ нов град во Египет
Објавено во: Свет 07 Мај, 2024 18:25
На само 15 километри од Рафа каде се водат борби, на египетска територија ќе „никне“ нов град.
Египетскиот бизнисмен и водач на синајската милиција Ибрахим ал-Органи најави изградба на нов град. Тој ќе биде на само 15 километри од палестинскиот град Рафа, кој претставува последно засолниште на Палестинците во Газа.
Органи е сопственик и на градежната компанија „Синовите на Синај“, која е главен изведувач за Египет кога станува збор за проекти кои се однесуваат на Синајскиот Полуостров.
Органи го претстави проектот пред бројни јавни личности и политичари, а претседателот Абдел Фатах ел-Сиси е прогласен за почесен претседател на групата, пренесува Кликс.
„Први што ќе добијат станови во овој град ќе бидат семејствата на паднатите борци во борбата против тероризмот“, рече Органи.
Тој додаде дека градот ќе го носи името на претседателот на Египет – Сиси Сити.
Сопственикот на групата Органи е под лупа на властите од почетокот на војната во Газа поради преголемите давачки што неговите компании ги наплаќаат на Палестинците кои бегаат во Египет.
Како што објави Middle East Eye, една од неговите компании заработила најмалку 118 милиони долари од палестински бегалци во последните три месеци.
foto freepik.com/natanaelginting
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




