„Екстремниот“ Мицотакис го закочи грчкиот парламент со предлог за недоверба за владата
Објавено во: Балкан 14 Јуни, 2018
Лидерот на грчката опозиција, Кирјакос Мицотакис, поднесе до грчкиот парламент предлог за гласање недоверба на владата.
Со тоа почнаа да се остваруваат најавите на неговиот политички ривал, грчкиот премиер Алексис Ципрас, дека очекува од Мицотакис да започне „со поставувањето сопки“ за да не се реши спорот за името со Македонија.
Во ваков случај, секаква друга расправа во грчкиот парламент би требало да прекине и да почне претрес по поднесената интерпелација за владата на Ципрас.
Изминативе два месеци паралелно со преговорите помеѓу Скопје и Атина зовриваа и односите помеѓу Мицотакис и Ципрас, за на крај тие да станат големи политички непријатели.