28 Април, 2024
0.0486

Ексцентричниот живот на норвешки милијардер – од саати до нафта, се му оди од рака!

Објавено во: Стил 11 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Како потомок на ко-основач на норвешко бродарско царство, Фред Олсен можел да ужива во привилегиите кои со раѓаето му биле загарантирани.

Неговиот татко Томас го посетувал Кембриџ и после завршувањето на факултет покренал фамилијарен бизнис. Фред за разлика од него, наместо образование во факултетските клупи, поминал повеќе од две години на светската турнеја на бродот Бруно и други пловила.

Својата бродска кариера ја започнал работејќи на најниски позиции - од палуба до морнар кој го фиксира помошниот мотор кој генерира струја и работејки ги тие работи го проучил механичкиот состав на едрилиците.

„Тоа беше подобро од МБА“, вели Олсен , и истакнува дека ниедна диплома не би му пружила такво знаење какво што стекнал таму.

Олсен е сонувач кој ретко го следи очекуваното сценарио. Како наследник на бродови, Олсен управувал со семејните бизниси во новиот смер, најпрво како почетник во нафтена револуција, а подоцна како еден од водечките светски пионири во ветроелектраните. Но тоа е само почеток на неговата приказна.

 Кој е всушност „Најинтересниот човек на светот?“

Во 1960-тите Олсен бил водител на првите норвешки собири за бушење нафта во Северното море. Исто така е ко-основач на првата норвешка приватна нафтена компанија, Сага Петролеум која ја собрала норвешката нафтена индустрија, ја покренала на високо ниво стручноста што секако помогнало неговиот дом да стане една од најбогатите земји во светот. Во 1990-тите компанијата на Олсен вложила повеќе милијарди долари во ветероелектрани. Олсен сега е најголем независен понудувач на електрична енергија од ветроелектрани во Велика Британија. Кога сака да се одмори од енергетската индустрија, Олсен дизајнира часовници. Тој и неговата ќерка Анет (58) ги водат бизнисите на  Timex Group, која го држи високото второ место на најпродавани часовници во САД, зад Фосил. Денес, активностите на Олсен може да се поделат во две категории: енергија и часовници. Неговата ќерка Анет е извршен директор во семејните фирми, а Фред е претседател кој надгледува се. Соработувале 30 години, Фред одлучувал кои големи трендови ќе ги следат, а Анет била „главата“ на неговите операции. Олсен тврди дека сега имал мал сопственички удел во семејните фирми, но долго вршел контрола на управувањето над сите нив. Мислите дека Фред Олсен изгледа познато? Поради неговото тесно орловско лице и ќелавост многумина го поврзуваат со Бурнс, тиранскиот тајкун од анимираниот  The Simpsons. Поради неверојатната сличност пред неколку година се појавила гласина дека е автор на шоуто, Matt Groening анимираниот лик Бурнс го направил по примерот на Олсен. Приказната станала урбана легенда во Осло така да дури и самиот Олсен верува дека бил инспирација за ликот на Бурнс.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти