06 Мај, 2024
0.0293

ЕЛЕМ СЕ ПРЕДОМИСЛИ: Нема да „фрла“ пари во магла за рајската градина!

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

ЕЛЕМ се предомисли и реши да го поништи тендерот за изградба на „Рајската градина“ која требаше да никне во скопски Аеродром.

Изградбата на рајскиот парк во Аеродром, од страна на ЕЛЕМ ја крена на нозе јавноста, која се прашуваше дали треба толку пари да се фрлаат во вакви проекти, а Македонија и натаму останува увозно зависна од струја. 

Сепак од оваа компанија како што пренесе Билд обрзложиле дека тендерот се поништува оти се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди.

Што требаше да содржи Рајската градина?

Според избраното идејно решение на фирмата „Архитектоника“ , која во проектот „Скопје 2014“ потпишува шест објекти меѓу кои се фасадата на Владата и на новите факултети кај УКИМ, станува збор за продолжување на архитектонскиот израз за кој во јавноста се прифати терминот „барок“.


Паркот ќе се гради со пари на Општина Аеродром, која предвидела дека цената на проектот ќе се движи околу 14 милиони евра, колку што е проценетата вредност на тендерот, и дека „Рајската градина“ треба да биде готова во рок од две години.

Во образложението на проектот се оценува како „нова туристичка атракција на која ќе позавидуваат многу метрополи“ и простор „за целодневна забава на фамилијата“

Во „Рајската градина“ ќе има четири типа фонтани. Првата е највисока и изнесува 13 метри, замислена како обелиск со женска фигура на врвот, додека другите три се пониски, со скулптура во центарот и околу самата фонтана.

Објектите во паркот се со богати декорации, а предвиден е и воден павилјон со неокласични столбови, како и летниковци кои потсетуваат на подзаборавениот летниковец на скопскиот плоштад.

Целиот парк ќе се протега на 15 хектари и ќе биде ограден со влезни капии и плоштади, две езера, мостови, пристаништа за педалини, остров за изнајмување, дел за шетање на миленичиња, живеалишта за пони, елени, зајаци, пауни и фазани, патеки за трчање, ролање и јавање коњи.

Јавноста бараше да сопре проектот

14 милиони евра ќе чини паркот со мајмуни, птици, водопади и слично, а изминативе години куп проекти во енергетиката останаа нереализирани. Јавноста бара да сопре проектот. Околу една милијарда евра „тежи“ увозот на струја во Македонија од 2008 година. Анализата на Фактор која се темели на статистичките податоци покажува дека од изминатите 7 години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2.732 гигават-часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети, кои сами купуваат струја на слободниот пазар, платија речиси 90 милиони евра и 86 милиони во 2010 година. Во 2011 година пак, увозот на струја во Македонија достигна дури 165,3 милиони евра за околу 2.600 гигават-часови.Ако се земе предвид вредноста на некои од досега изградените енергетски објекти или пак, на оние во најава, произлегува дека наместо Македонија да изгради сопствени капацитети за производство на струја – девизите се “фрлале во магла”, или во рајски градини. Постои цела низа на планирани а неизградени објекти, од различни причини. 

Не се изградија централите Чебрен и Галиште, Бошков мост, не се модернизираше ТЕЦ Неготино, Луково поле, Вардарска Долина, бавно одеа најавите за отворање на рудници за јаглен, а за гасификација се одвојуваа едвај по неколку милиони евра годишно. Исто така, за споредба што се може да се изгради со парите фрлени на увоз на струја е деценискиот проект ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, за кој со години Владата никако да најде инвеститор. Овие најголеми хидроцентрали на Црна река се проценуваат на половина милијарда евра. Пресметките покажуваат дека и еден капацитет како РЕК Битола на пример кој снабдува речиси две третини од Македонија не чини повеќе од 700 – 800 милиони евра. Низа енергетски инвестиции кои со децении се ставаат во листата на приоритети на Владата, никако да дочекаат реализација. Напротив, парите потребни за нивна изградба (и некој заем од Меѓународна финансиска институција) се заменуваа со скап увоз на струја од кој Македонија само краткорочно ги задоволува потребите, а Македонија се уште останува зависен нето-увозник на струја. Во такви услови се чинат оправдани реакциите на граѓаните и здруженијата кои бараат да се преиспита изградбата на рајската градина.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години