26 Април, 2024
0.0324

Емигрантите со тунели против оградата на Орбан

Објавено во: Свет 09 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Унгарската полиција во текот на викендот откри тунел под жичана ограда на унгарско-српската граница, а во одделни акции спречи илегално преминување на повеќе од 300 мигранти.

Тунелот долг 24 метри е откриен во соработка со армијата во близина на унгарскиот град Морахал, а се верува дека тој бил користен за нелегално влегување на мигрантите во Унгарија, за потоа да заминат во Западна Европа.

Ова е трет подземен премин под оградата откриен за една година во тој регион. Граничната полиција уапси 54 лица кои се обидоа да прескокнат или да пресечат жичана ограда на границата во време кога 258 мигранти беа пронајдени во граничната зона без документи.

Повеќето од нив се изјаснуваат како Сиријци, но има и граѓани на Ирак, Иран, Авганистан и Палестинци. Унгарија бележи големо зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат илегално да влезат во Европската унија од крајот на мај, а само минатата недела имаше скоро 900 обиди за илегално преминување.

Унгарските власти повторуваат дека нема да ја отстранат оградата на унгарско-српската граница, туку ќе ја зајакнат одбраната на Шенген зоната, со цел да ги спречат мигрантите илегално да влегуваат во територијата на ЕУ.

Покрај северот на Војводина, обидите за илегално преминување на границата се бележат и на југозападниот дел од покраината, во хрватско-српската погранична област.

Во средината на мај специјалната и воената полиција беа распоредени во близина на Шид за, како што е наведено, да го заштитат локалното население од мигранти.


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни