26 Април, 2024
0.1276

Ендрју Тејт и братот ќе бидат префрлени во домашен притвор

Објавено во: Свет 01 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Контроверзниот инфлуенсер на социјалните мрежи, Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан ќе бидат преместени од притвор во домашен притвор, одлучи романски судија.

Одлуката на Апелациониот суд во Букурешт го заменува последниот период на притвор, кој требаше да заврши на 29 април.

Ослободени се и двајца соработници, Џорџијана Нагел и Луана Раду.

На сите четворица им е наредено да останат во зградите каде што живеат, освен ако немаат судска дозвола за напуштање.

Портпаролката на браќата Тејт за Би-Би-Си изјавила дека браќата се „екстатични“.

Браќата се притворени од декември и против нив се води истрага поради наводи за силување, трговија со луѓе и формирање организирана криминална група. И двајцата негираа дека сториле нешто лошо.

Адвокатите на Тејт тврдат дека неговото држење во превентивен притвор е непотребно сурово, кога се достапни други судски опции, како што е куќниот притвор.

Протечените судски документи, видени од Би-Би-Си, го наведоа сведочењето на наводните жртви кои тврдат дека биле принудени да заработуваат 10.000 евра месечно на платформите на социјалните медиуми, под наводна закана за физичко насилство.

Судските документи, исто така, опишаа дека долговите се користат како „форма на психолошка принуда“.

Откако почнаа истрагите минатиот април, шест жени беа идентификувани од страна на обвинителите како жртви.

Сепак, сè уште не е покренато обвинение против браќата или двајцата романски соработници кои беа уапсени заедно со нив.

Во 2016 година, Тејт, британско-американски поранешен кик-боксер, беше отстранет од британското ТВ шоу „Големиот брат“ поради видео на кое се чини дека тој напаѓа жена.

Тој се стекна со озлогласеност на интернет, особено за неговиот став кој му ја донесе забраната за користење на Твитер, со која тврдеше дека жените треба да „сносат одговорност“ за сексуално нападнат. 

И покрај забраните на социјалните мрежи, тој се здоби со популарност, особено меѓу младите мажи, со промовирање на она што го претстави како хипермажествен, ултра луксузен начин на живот.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни