ЕП ги замрзнa преговорите со Турција за членство во ЕУ
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2016
Европскиот парламент усвои резолуција со која ќе се замрзнат преговорите за полноправно членство на Турција во блокот, пренесе РИА Новости.
Документот беше одобрен со гласовите на 479 пратеници, против се изјаснија 37 пратеници, а 107 лица се воздржаа од гласање.
Денеска шефот на европската дипломатија, Федерика Могерини за време на пленарната сесија во францускиот град Стразбур изјави дека односите меѓу Анкара и Брисел се на крстопат.
„Ако Турција ја врати смртната казна, тоа ќе јасен сигнал дека земјата не чувствува желба да биде член на европското семејство" - рече таа пред пратениците.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште вчера посочи дека што и да биде одлуката на пратениците на 28-те земји, нема да има значење за неговата земја. Анкара и Брисел потпишаа договор за асоцијација во 1963 година, но преговорите почнаа дури во 2005 година. До денес Турција затвори 19 од 35 поглавја.