Ердоган “мавна“ по Харадинај, а го пофали Тачи
Објавено во: Балкан 02 Април, 2018
Турскиот претседател Ердоган со убави зборови и благодарност до косовскиот претседател Хашим Тачи, додека како „срамота“ го оценил делувањето на премиерот Рамуш Харадинај.
Разрешувањето пак, на Министерот за внатрешни работи Фљамур Стефан и првиот разузнавач, Дритон Гаши според него е историска грешка.
-Последната акција во Косово не е ни прва а нема да биде ни последна. Му благодарам на претседателот на Косово. Но, на премиерот му велам „срамoта“ поради отстранувањето од функцијата на министерот за внатрешни работи и првиот човек на тајната служба,кои ни ги дадоа членовите на терористичката организација ФЕТО. Нивното разрешување е историска грешка.Тие само си ја извршуваа работната задача, изјавил Ердоган.