Ердоган не го поштеди ниту главниот советник на турскиот премиер
Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2017
Во Турција сеуште продолжува хајката против наводните поддржувачи на проповедникот Фетула Ѓулен кој е обвинет за организација на јулскиот пуч против Ердоган, а сега е уапсен и Бирол Ердем, главен советник на премиерот Бинали Јилдирим.
Турските медиуми, на кои се повикува РСЕ, наведуваат дека Ердем бил приведен во Анкара заедно со својата сопруга Ѓулумсер Ердем.
Ѓулен, кој од 1999 година живее во самонаметнат егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, ги негира обвинувањата за вмешаност во неуспешниот воен удар.
Турските власти досега уапсија повеќе од 50.000 лица, вклучувајќи судии, обвинители, полицајци и припадници на војската под обвиненија за поврзаност со Ѓулен.