Ердоган за 8-ми март: Жената е првенствено мајка
Објавено во: Балкан 08 Март, 2016
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го одбележа Меѓународниот ден на жените, и повторно јавно изјави дека верува дека „жената е првенствено мајка“, пренесе AFP.
„Знам дека повторно ќе ги збунам некои луѓе, но за мене жената е првенствено мајка“, посочи Ердоган пред група жени кои му аплаудираа.
Претседателот се наврати на капиталистичкиот систем кој ја „Потчинува“ жената од економски причини, и ја истакна потребата од „зачувување на семејството“.
„Не може да се ослободите од жената, така што ќе го уништите поимот за семејство“, истакна тој, цитирајќи го Куранот, за да ги истакне заслугите на мајчинството. Еден од цитатите, на кои претседателот се повика, гласи: „Рајот е под нозете на нашите мајки“.
Ердоган редовно влегува во полемика по темата за рамноправност на половите. Претходно тој изјави дека еднаквоста на жената и мажот е „противприродна“.