20 Декември, 2025
0.0588

ЕУ ќе го олабави штедењето за да го оживее економскиот раст

Објавено во: Свет 19 Април, 2013 15:05

Добивај вести на Viber

Еврозоната ќе го забави буџетското штедење со цел да го оживее економскиот раст, изјави комесарот на Европската унија Оли Рен, најавувајќи промени во политиката кои САД одамна ги бара. „Тропате на отворена врата“, нагласи вчера во разговорот за Ројтерс, европскиот комесар за економски и монетарни прашања Оли Рен. Темпото на фискалното штедење во земјите ширум светот е главна тема на вчерашните и денешните разговори на министрите за финансии и гувернерот на централната банка од групата Г-20. Учесниците во разговорот, меѓу другото, ќе разговараат и за тоа дали треба да се утврдат конкретни бројки за целното намалување на буџетскиот дефицит и долговите во периодот по 2016 година. Се чини дека шансите да се донесе план за координирано намалување на долгот се прилично слаби. Европскиот комесар потсети дека еврозоната немала друг избор освен острото намалување на задолжувањето и потрошувачката, бидејќи некои од нејзините членки во 2010 година, не успеваа да добијат кредити по одржливи каматни стапки. Вкупниот буџетски дефицит на еврозоната во 2012 година се намали на 3,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП), од претходните 4,2 проценти во 2011 година. Оваа година е планирано буџетскиот дефицит да се намали на 2,8 проценти, што значи дека буџетскиот дефицит на еврозоната ќе се намали двојно во однос на 6,3 проценти и 6,2 проценти од БДП во 2009, односно 2010 година. -Во раните фази на кризата беше неопходно да се обнови кредибилитетот на фискалната политика во Европа, која од пазарната сила беше доведена во прашање. Немаше друг избор. Ги превземавме мерките кои беа неопходни“, изјави Рен. -Бидејќи го обновивме кредибилитетот на краток рок, сега можеме посмирено да ја спроведуваме фискалната консолидација на среден рок“, истакна тој, додавајќи дека во моментот САД поагресивно го намалува буџетскиот дефицит отколку Европа.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот