02 Јуни, 2024
0.0275

ЕУ му го менува „Планот 18“ на Бујар Османи

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

„Планот 18“ на Владата, што го изработи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, ќе биде преработуван на барање на Европската унија.

По планот за неопхопдни реформи 3-6-9, Османи го изготви „Планот 18“ со кој требаше да и се „објави“ војна на корупцијата и неправдата и истиот го презентираше на евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, како реформски план.

Како што за „Мета“ објасни портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, по одлуката на Советот на министри на ЕУ, Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ во јуни 2019 година, како и по почнувањето на процесот на набљудување, сега најновиот реформски план се менува и ќе се преработи, односно изготви нов текст.

„Планот 18 во моментов е во фаза на трансформација во План за скрининг и за исполнување на заклучоците од Советот на ЕУ. Владата работи на креирање на сеопфатен план за реформи кој опфаќаат три клучни столба а тоа се областите кои се спомнаа во заклучоците на Советот на ЕУ во Луксембург (судство, јавна администрација и разузнавачки служби), потоа препораките од Извештајот на ЕК и скринингот со кој се подготвуваме за почеток на преговорите во јуни 2019“, објасни Бошњаковски.


Можеби ќе ве интересира

ТУНТЕВ ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО АЦВ - раководи со оваа институција од 2019 година, доби и втор мандат

ТУНТЕВ ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО АЦВ - раководи со оваа институција од 2019 година, доби и втор мандат

И АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ - не може да бидат и премиер, министри и пратеници, еве што велат за прекршителите

И АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ - не може да бидат и премиер, министри и пратеници, еве што велат за прекршителите

„На крајот ќе видите, ќе ги внесат Бугарите во Уставот“: Крмов вели народот е повторно излажан

„На крајот ќе видите, ќе ги внесат Бугарите во Уставот“: Крмов вели народот е повторно излажан

ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ - уште една жртва во сообраќај, во друга сообраќајка возач на мопед добил тешки повреди

ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ - уште една жртва во сообраќај, во друга сообраќајка возач на мопед добил тешки повреди

„Од колонизатори што можеш да очекуваш?“: професорката Ванковска со посебен статус попладнево

„Од колонизатори што можеш да очекуваш?“: професорката Ванковска со посебен статус попладнево

МЕЧКА СО ДВЕ МЕЧИЊА СЕ ШЕТААТ НИЗ МАВРОВО - луѓето збунети, но и животните

МЕЧКА СО ДВЕ МЕЧИЊА СЕ ШЕТААТ НИЗ МАВРОВО - луѓето збунети, но и животните

Таксист доживеал срцев удар додека превезувал патник - му се слошило и удрил во дрво

Таксист доживеал срцев удар додека превезувал патник - му се слошило и удрил во дрво

„Кога ќе ги прашаат грчките политичари дали во Грција е напишано уставното име на МК“: Трајкоска за заканите од соседите

„Кога ќе ги прашаат грчките политичари дали во Грција е напишано уставното име на МК“: Трајкоска за заканите од соседите

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР, УАПСЕНИ 28 ДИЛЕРИ - еден избегал при што оштетил три полициски возила

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР, УАПСЕНИ 28 ДИЛЕРИ - еден избегал при што оштетил три полициски возила