03 Мај, 2024
0.0260

ЕУ: Нападите на САД во Сирија се насочени против употребата на хемиско оружје

Објавено во: Свет 07 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Американските власти ја информирале Европската унија дека нанесените воздушни напади во Сирија биле насочени кон спречување на понатамошното користење на хемиско оружје во земјата, соопшти прес-службата на Европската комисија. Во соопштението на ЕК се наведува дека „ударите биле ограничени“.

Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека „властите во Сирија ја носат целосната одговорност за ударите на САД по цели на армијата“. 


„Сирискиот режим ја носи целосна одговорност за ваквиот развој на работите. НАТО редовно ја осудува употребата на хемиско оружје од Сирија како очигледно прекршување на меѓународните норми и договори“, рече тој. Според зборовите на Столтенберг „што и да е употреба на хемиско оружје е недозволиво и тоа не може да остане без одговор, а виновниците треба да бидат одговорни“. „НАТО смета дека употребата на хемиско оружје е закана за меѓународниот мир и безбедност. НАТО ги поддржува сите меѓународни напори насочени кон постигнување на мир и политичко решение во Сирија“, истакна уште генералниот секретар.

Во четвртокот вооружените сили на САД по наредба на претседателот Доналд Трамп лансираа 59 крстосувачки проектили „Томахоук“ по воениот аеродром на сириската армија во провинцијата Хомс. Ракетниот удар дојде како одговор на нападот со хемиско оружје во провинцијата Идлиб, за која Западот ја обвинува сириската власт. Според Вашингтон токму од овој аеродром во Хомс започнал нападот против Идлиб.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто