27 Април, 2024
0.0270

Еуромакс: Проектот за рудник Иловица-Штука да не се злоупотребува за политички поени

Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Го разбираме чувствителниот момент на политичката кампања и затоа апелираме до сите инволвирани чинители во кампањата - Проектот „Рудник на можности Иловица-Штука“ да не се користи и злоупотребува во каква било политичка конотација, соопштија денеска од Еуромакс Рисорсис. 

Од компанијата велат дека терба да се прифати реалноста дека се работи за потенцијално најголемата гринфилд странска инвестиција во земјава што, според нив,  ќе донесе значајна економска корист и благосостојба за сите граѓани, особено за жителите во струмичкиот регион.

Апелираме и до политичарите во текот на политичката кампања да се воздржат од коментари за проектот, затоа што така, можеби ненамерно, влијаат и на работата на судството и правната процедура која се одвива во надлежниот суд, а е поврзана со проектот.  Во екот на оваа глобална здравствена, економска и социјална криза предизвикана од девистирачката вирусна пандемија, токму овој проект претставува уникатна можност, брзо и ефикасно да помогне за заздравување и развој на националната економија.  Нашиот менаџерски тим и ангажираните локални експерти од различни области, до детали ги испланираа сите фази за реализација во акционен план,форматиран како „Брза лента“ (Fast Track). Со тоа сме целосно подготвени веднаш да отпочнеме со конкретни активности за реализација на проектот, стои во соопштението.

Додаваат дека мега проектот „Рудник на можности“ е модерен рударски комплекс што ќе се гради и ќе биде опериран согласно највисоките европски и светски стандарди. 

„Никогаш нема да резултира во дислокација или деградација на животните услови во кое било од постојните живеалишта. Рудникот никогаш нема да предизвика негативно влијание врз постојаниот квалитет на почвата, водите и воздухот - токму затоа што заедно со граѓаните од регионот, ќе ги преземеме сите мерки за заштита на животната средина и здравјето на луѓето, велат од Еуромакс

Во првата фаза на завршни истражувања, подготовка на локацијата и изградба, проектот директно и индиректно преку соработниците ќе вработи околу 1000 лица. За оперативната фаза на редовно функционирање ќе вработиме повеќе од 500 лица, во најголем дел од локалната заедница, а преку нашите соработници и снабдувачи ќе се ангажираат дополнителни 2700 лица.

„Веруваме дека новите работни места ќе привлечат многу од иселените да се вратат во својата земја, на своите имоти и кај своите фамилии!

Еуромакс заедно со заедницата, ќе докажe дека во новата ера на 21-от век, одржливото рударство и земјоделство можат успешно да егзистираат заедно!

Досега во Проектот се инвестирани повеќе од 50 милиони евра, а за првата фаза на изградба предвидени се околу 340 милиони евра. Околу 73 милиони евра секоја година ќе се исплаќаат за комерцијални договори со локалните кооперанти. Во државниот буџет годишно ќе се слеваат околу 24 милиони евра, од кои над 3 милиони евра ќе се одвојуваат во буџетите на локалната управа. „Рудникот на можности “ ќе придонесе за зголемување на бруто домашниот производ за 3 отсто на годишно ниво и ќе се квалификува во првите ТОП 3 извозни компании од Република Северна Македонија, стои во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“