ЕВЕ КАКО НА СОСЛУШУВАЊЕТО СЕ ОДНЕСУВАЛЕ ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА - се огласи Обвинителството
Објавено во: Балкан 06 Април, 2024
Осомничените за убиството на Данка Илиќ (2) синоќа биле сослушани во обвинителството, а во таа прилика еден од осомничените го признал делото, додека другиот се бранел молчејќи.
„Осомничените биле сослушани во обвинителството, при што Д.Д. целосно го признал извршувањето на делото, додека Ј.С. се бранел со молчење“, информираат од Обвинителството.
Да потсетиме, на предлог на обвинителството, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Зајечар на осомничените им одреди мерка притвор до 30 дена.
Притворот им е одреден поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на траги од извршување на кривично дело, како и поради нарушување на јавноста.