29 Април, 2024
0.0289

Еве што пишуваат грчките медиуми за посетата на Чавушоглу на Македонија

Објавено во: Македонија, Балкан 19 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Грчките медиуми пишуваа за вчерашната посета на турскиот шеф на дипломатијата, Мевљут Чавушоглу на Скопје наведувајќи дека е прв министер за надворешни работи на некоја земја што ја посетил Македонија по изборот на новата Влада.

Најголем интерес  предизвика изјавата на Чавушоглу дека Турција го поддржува членството на Македонија во НАТО и дека земјата ја нарекувал со уставното име.

Медиумите кај јужниот сосед ја пренесуваат изјавата на македонскиот министер за надворешни работи,  Никола Димитров, за  времената спогодба и одлуката на Меѓународниот суд за грчкото вето за влез на Македонија во Алијансата.

„Ние имаме времена спогодба од 1995 година, како и пресуда на Меѓународниот суд во Хаг од 2011 година, па според тоа таа не би требало да има проблем за да добиеме покана за членство во НАТО под привремената референца БЈРМ. Јас ќе се обидам да ги убедам дека тоа е и во интерес на Грција и ќе се обидам кон правните аргументи да ги додадам и политичките. Сметам дека нашето членство во НАТО ќе има убаво влијание врз стабилноста на регионот“ - ја пренесуваат изјавата на Димитров.

Весникот „Катимерини“ објави коментар во кој пишува дека  јули ќе биде тежок месец за грчката дипломатија. Во него се спомнуваат и односите меѓу Македонија и Грција, констатирајќи дека е очигледно дека  е во интерес на Грција да се најде решение за името.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање