16 Мај, 2024
0.0285

Еве зошто треба да ја избришете апликацијата Фејсбук од телефонот

Објавено во: Стил 31 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Компанијата AVG која се занимава со заштита на уредите од вируси објави листа на најлоши мобилни апликации според батеријата на смартфонот и севкупната работа, а Фејсбук е прогласен за најлоша апликација.

Апликацијата за телефоните на „Android“ со текот на годините се променила многу, а хардверот во мобилните телефони е подобрен, па така таа стана и помоќна. Но, се може и без неа, а експертите наведуваат неколку причини зошто треба да ја избришете од телефонот.

Ги цеди ресурсите

Веќе одреден период, апликацијата е големо оптеретување за ресурсите со кои располагаат телефоните. На постарите телефони може да помине цела вечност додека се вчита, зазема повеќе меморија од повеќето други апликации и не е пријателски настроена кон батеријата.

Мобилниот „Facebook“ е одличен

Како ќе користите „Facebook“ доколку ја отстраните апликацијата? Ќе ја користите мобилната верзија. Кога ќе се вклучите во него, мрежата ќе ве праша дали сакате да добивате известувања, а доколку ги прифатите ќе ви стигнуваат дури и кога не го користите „Google chrome“.

Мобилниот телефон ќе работи подобро

Оптеретувањето кое го претставува апликацијата ќе се намали по нејзиното бришење, па телефонот ќе работи побрзо, батеријата ќе му трае подолго и ќе пристигнуваат помалку известувања.

„Facebook Lite“

Доколку не ви се допаѓа користењето на социјалната мрежа преку „Google chrome“, размислете за инсталирање на помалата верзија на апликацијата, наречена „Facebook Lite“. Таа изгледа малку различно, но ги има најважните карактеристики.