27 Април, 2024
0.0266

ЕВН Електродистрибуција ја завршува санацијата на дефектите во југозападните региони кои беа зафатени од невремето

Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Снабдувањето со електрична енергија на населените места во југозападна Македонија, кои беа зафатени од невремето предизвикано од обилни врнежи од дожд и снег, се нормализира. Екипите на ЕВН Електродистрибуција денес успеаја да ги приклучат под напон скоро  сите корисници од населените места во реканскиот крај, каде што се јавија повеќе проблеми при санацијата поради лошите временски услови. До крајот на денот ќе се работи да бидат приклучени и највисоките планински села во овој регион.

Тимовите на електромонтери од утринава се сконцентрирани на замена на скршените челични и бетонски столбови на врската Лабуништа – Луково, каде што работите одлично напредуваат и до крајот на денот скоро сите корисници ќе добијат електрична енергија.

Во отстранување на дефектите е ангажиран максималниот расположлив капацитет од страна на ЕВН Електродистрибуција и надворешните компании, кои користеа зимски моторни возила, моторни санки и друга техника. Два дена при тешки временски услови, големи наноси од снег и одрони на патиштата, работеа во повеќе смени и преку цел ден со цел да се овозможи нормално снабдување на корисниците од охридскиот, струшкиот, ресенскиот, кичевскиот, гостиварскиот, тетовскиот регион како и реканскиот крај.

ЕВН Електродистрибуција ќе остане на терен се додека не бидат приклучени во дистрибутивната мрежа и последните населени места кои се без напојување поради невремето.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“