Европа оди на југ, Австријците летуваат дома
Објавено во: Стил 08 Февруари, 2017
Виенскиот весник „Kronen cajtung" повикувајќи се на „Travel risk map" пишува дека цела Европа е безбедна, со исклучок на Косово.
Кога бираат дестинација, туристите гледаат безбедност, закана од тероризам и медицински услуги. По овие критериуми, Австрија е доста атрактивна земја.
Во оваа земја домашниот туризам се развива и бројките покажуваат дека лани 87% од граѓаните одморале во својата земја.
Како посебно безбедни земји се спомнуваат Словенија, Швајцарија, Луксембург, Норвешка, Данска, Шведска и Финска.
На оваа листа се и Гренланд и Исланд.
Според весникот, мал ризик има за Нов Зеланд, Јапонија, Кина, Австралија, САД и Канада.
Целосно небезбедни се Африка и Блискиот Исток.