30 Април, 2024
0.0261

Европа си даде 10 дена за да се постигне нов договор со Турција

Објавено во: Балкан 08 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Европа отстапува - принципиелно, за да одлучи што е подобро. Дваесет и осумте земји членки си дадоа ноќеска десет дена повеќе да склучат нов договор со Турција, при тоа задржувајќи се на двосмисленост по предлогот на Анкара да ги прифати назад сите мигранти, кои поминуваат низ Егејското Море, вклучувајќи ги и сириските бегалци, пишува францускиот вeстник „Figaro“ по преговарачкиот маратон помеѓу Европската совет и Турција.

На крајот на средбата претседателот на Советот Доналд Туск изјави дека времето на нелегална миграција во Европа е завршено, но меѓу европските лидери и турскиот премиер не беше потпишано ништо конечно. Ахмет Давутоглу се враќа во Анкара сигурен само во трајната поделеност на Европејците, и покрај итната потреба од решение за кризата, а покрај 12-те часа тешки преговори сценариото за неуспех на следниот состанок на 17 март во Брисел не е исклучено, пишува „Figaro“.

Турската влада ги изненади соговорниците, поставувајќи на масата голем број на предлози, но и листа со барања за Европејците, кои очајно бараат излез од кризата што го зафати Стариот континент. Покажувајќи се во силна позиција, Анкара крена глас, барајќи нови 3 милијарди евра против ангажманот да го пречека масовното враќање на луѓе кои влегоа во ЕУ од нејзината територија, забележува „Le Monde“.

На синоќешната средба турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги претстави предлозите за населување на еден сириски бегалец во Европа за секој мигрант вратен во Турција од грчките острови. Германскиот канцелар Ангела Меркел го утврди предлогот како пробив кој ќе ги обесхрабри бегалците да преземат ризични пловење до Грција, но истакна дека Европа има потреба од повеќе време за договарање на конечните детали. Дали овој неочекуван компромис сепак ќе ја одлучи кризата, прашува британскиот „Guardian“.

Така ќе ја затвориме маршрутата низ Западен Балкан, храбро изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, но во-длабочината на погледот покажа дека изјавата може да е прерана. Не е јасно дали договорот за реадмисија со Турција ќе има законска или морална основа. Портпаролот на „Амнести интернешенел“ рече дека вреди предлогот да биде испитан во принцип, но дека идејата луѓе да бидат вратени во земја која не ги почитува правата на човекот - а особено оние на бегалците - е вонредно проблематична. Тоа може исто така да и противречи на Конвенцијата на ОН за бегалци - едно од најголемите достигнувања во ерата по холокаустот, истакнува весникот.

Очајна Европа стапна на прсти околу Турција, за да се постигне договор за бегалците, пишува лондонскиот „Financial Times“. Европската унија, во паника поради мигрантите, ослабена од финансиската криза и кризата во еврозоната и изведена пред можноста Британија да излезе од неа, се турка кон сојуз со лидери кои ги презираат вредностите. Додека европските раководители очајно се обидуваат да склучат договор на пракса, за да и плаќаат на Турција да им ги чува границите и да служи како преграда за бегалци, турскиот претседател Ердоган ги потсетува дека за него веќе нема граници. Таканаречените Копенхашки критериуми во правилата на демократскиот клуб на ЕУ се многу помалку важни од правилата на Ердоган во Анкара. Заедно со парите Брисел предлага да ги продолжи разговорите за членство на Турција. Тоа вреди да се направи, само ако ЕУ ги брани своите закони за слободите и правда. Тоа би било добро за Турција, а можеби и за лошата репутација на Европа, пишува во заклучокот „Financial Times“.

Турција ги изненади лидерите од ЕУ, напаѓајќи ги со нов сет на барања за да помогне во запирање на приливот на бегалци од Сирија и Ирак и другите мигранти кои се обидуваат да влезат во Европа.

Турските барања ги открија ослабените позиции на ЕУ и покажаа дека тешкотиите, а и цената за справување со кризата само ќе се зголемуваат, колку подолго трае пребарувањето на решение, забележува и „New York Times“, цитиран од агенциите.

Можеби ќе ве интересира

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница