13 Мај, 2024
0.0263

ЕВРОПА СТАНА НАЈГОЛЕМ АУТЛЕТ: Зошто Кинезите се почесто купуваат луксузни стоки надвор од дома?

Објавено во: Свет 18 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Прашајте бутик за луксузна стока во Франција или Италија кои се неговите топ клиенти и одговорот веројатно нема да е француските или италијанските купувачи. Главните купувања се дело на кинеските туристи кои трошат значителни суми во странство, пишува Quartz.

Кинеските потрошувачи се меѓу најважните, ако не се и најклучни клиенти на голем дел од големите меѓународни луксузни брендови. Во глобален план тие трошат околу 30% од сите средства платени за лични луксузни стоки, но со години ги прават повеќето купувања надвор од Кина.

Една од главните причини да се здобиваат со кеси Louis Vuitton и со чевли Prada, додека се на одмор, е фактот дека овие стоки се нудат на многу повисоки цени во нивната родна земја. Шопингот во Европа е многу поевтин и еве зошто многу Кинези гледаат на континентот како „најголемиот аутлет“, посочуваат од Bain & Company.

Во скромна белешка до инвеститорите Exane BNP Paribas ја пресметуваат разликата во цените во одделните региони и открива дека луксузните стоки во Кина чинат со 21% повеќе во однос на просечната цена во светот. Во Франција и Италија на пример тие се со 22% поевтини.

Exane споредува 4 846 производи, кои се достапни на сите пазари. Компанијата открива дека производите на Balenciaga се со околу 25% поскапи во Кина во однос на цените во Франција. Овие на Louis Vuitton пак чинат околу 50% повеќе, додека оние на Armani се со 70% нагоре.

Разликата во цената е резултат главно од кинеските даноци и такси, како и од трошоците за дистрибуција на поединечните брендови во Кина, според Fortune Character Institute.

Европските продавници станаа силно зависни од кинеските клиенти. Аналитичарите од Exane посочуваат дека странските купувања, не само оние на Кинезите, претставуваат околу 70% од продажбата на луксузни стоки во Италија и Франција, како и над 50% во Велика Британија и Швајцарија.

Освен тоа на места како Европа и САД има доста луѓе кои купуваат од името на свои клиенти кои се наоѓаат во копното на Кина.

Дебалансите меѓу кинеските купувачи кои купуваат во странство, и оние кои  прават шопинг дома, конечно се менува, иако слабо. Во минатата година, за прв пат од 2001 година, стапката на раст на трошоците за луксузни стоки бил поголем во Кина, отколку во странство. Кинеската влада работи на прашањето со купување од името на Кинезите, па и како да се поттикнат купувања внатре во азиската земја. Истовремено терористичките напади успеаја да влијаат негативно на туризмот во Европа.

Според Exane ценовната разлика најверојатно ќе се намали, иако не толку брзо. Ова ќе се случи благодарение на побарувачката од страна на средната класа, како и заради транспарентност на цените понудени на интернет, дополнуваат аналитичарите.

Генерално зголемената средна класа во Кина може да почне да се радува на подобри цени дома, но за најдобрите зделки, сепак, ќе има потреба од авионски билет.

Можеби ќе ве интересира

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

ТОМИСЛАВ И АЛЕКСАНДРА ОТИШЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЕГА НЕМААТ НИ ЗА ЛЕБ: Со месеци без приходи поради еден документ

ТОМИСЛАВ И АЛЕКСАНДРА ОТИШЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЕГА НЕМААТ НИ ЗА ЛЕБ: Со месеци без приходи поради еден документ

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД

„БЕШЕ САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ЛОШО“: свиркач од Боинг предупреди: „знаеја за неуспесите, но сè чуваа во тајност“ (ВИДЕО)

„БЕШЕ САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ЛОШО“: свиркач од Боинг предупреди: „знаеја за неуспесите, но сè чуваа во тајност“ (ВИДЕО)

„ТОЈ Е БУДАЛА“: Трамп со тешки зборови за Бајден на предизборниот митинг во Њу Џерси

„ТОЈ Е БУДАЛА“: Трамп со тешки зборови за Бајден на предизборниот митинг во Њу Џерси

ГЕЈТС НАПРАВИЛ ПЛАН ЗА КРАЈОТ - Вака ќе го троши своето богатство, оставајќи само бакшиш за децата

ГЕЈТС НАПРАВИЛ ПЛАН ЗА КРАЈОТ - Вака ќе го троши своето богатство, оставајќи само бакшиш за децата