Европскиот парламент ќе расправа за идниот развој на ЕУ
Објавено во: Свет 13 Март, 2017
Европскиот парламент започнува тридневната сесија во Стразбур. Главни теми на средбата ќе бидат предлозите за идниот развој на ЕУ како и претстојната средба на европските држави и влади во Рим.
Европратениците ќе ги коментираат и резултатите од последниот Европски совет, кој го реизбра за претседател на институцијата Доналд Туск, и покрај противењето на Полска. Ќе биде одбележана претстојната годишнината од 22 март од нападите во Брисел и европската програма во областа на безбедноста.
Парламентот ќе се запознае со извештај за уставните и правните и институционалните последици од заедничката политика за безбедност и одбрана, и можностите за Договорот од Лисабон за примената на оваа политика. На дневен ред е и нацрт резолуција по повод пречките за слободно движење на работниците во Унијата