02 Мај, 2024
0.0278

Eвропските градови со засилени мерки за безбедност

Објавено во: Свет 31 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

За дочекот на Нова година ќе има засилени мерки за безбедност во Европа. 

На плоштадите на европските градови ќе се врши претрес на торби, а на некои места ќе биде забрането и точење на алкохол.

Ширум Европа ќе бидат воведени зајакнати безбедносни мерки во пресрет на прославата на Нова година. 

Париз ќе ангажира речиси 8.000 полицајци и војници на улиците за француската престолнина да биде безбедна, соопштија властите. Целта на зголемената присутност на безбедносните сили не е само да бидат спречени терористичките напади, туку и евентуално избивање на нереди.

Кај Елисејската палата ќе биде забрането точење на алкохол, ќе бидат поставени бетонски барикади со цел да спречат евентуално влегување на автомобили. 

Северниот германски град, Хамбург неодамна постави нови безбедносни камери кои што ќе ѝ овозможат на полицијата да реагира за најкратко можно време доколку на некоја локација во градот се случи инцидент.

Од лондонската полиција соопштија дека граѓаните за новогодишната ноќ можат да очекуваат засилени патроли, вооружени полицајци и бетонски препреки за возила во централното градско подрачје.

Портпаролот на полицијата,  Фил Ланворти порача дека мерките не се спроведуваат поради информациите на разузнавачките служби, туку тие се дел од плановите кои што се изготвуваат веќе неколку месеци.

Полицијата во германскиот главен град, Берлин најави дека ќе воспостави и посебна зона за жени, во која посетителките на новогодишната прослава ќе може да се чувствуваат безбедно.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа