05 Мај, 2024
0.0262

Евростат: Македонија веќе 5 години не прави попис на населението

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија веќе 5 години доцни со спроведувањето на попис на населението. Ова не е политичка, а статистичка операција и треба да се врши само на лица кои при спроведувањето и се наоѓаат на територијата на земјата и не се отсутни повеќе од една година од неа. 

Тоа го посочуваат од европската статистичка служба "Евростат" за Македонската информативна агенција. 

Според експертот на службата Петер Евераерс методологијата за спроведување на попис е определена од ОН и не треба да биде предмет на политички договор и на измена на принципот и начинот на нејзиното извршување бидејќи во спротивно "Евростат" може да не ги признае резултатите од пописот . 

На прашањето дали периодот од 15 години, во кој не е спроведена анкета во Македонија, е спротивно на стандардите на статистичката служба, Евераерс одговори дека обично таков попис се прави на 10 години. 

Според него Евростат има пракса и може директно да се вклучат со свои експерти во спроведување на пописот во една држава како Македонија, на пример, но само во однос на подготовките, но не и на самото спроведување. Тој исто така изјави дека "Евростат" има мандат за соработка со земјите кандидати за членство и потенцијални кандидати за постепено зголемување на компатибилноста меѓу европските и локалните статистички стандарди, пренесе МИА. 

"Во однос на пописот на населението и становите" Евростат "раководи со проекти за техничка помош за да им помогне на земјите од процесот за проширување, а преку техничка група за координација следи подготовката за попис на населението и становите", рече тој. Во однос на Македонија Евераерс изјави дека "Евростат" ги забележал фазите на подготовка на претходното истражување од 2011 година, пред тоа да биде прекинат.

Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден