05 Мај, 2024
0.0259

ЕВРОСТАТ: Ова се европски земји со најмногу сиромашни луѓе

Објавено во: Економија 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Бугарија останува на чело во Европската унија (ЕУ) по удел на луѓето во ризик од сиромаштија, социјално исклучување и сериозни материјални проблеми, покажуваат податоците на Европската статистичка служба Евростат.

Во 2015 година процентот на населението во ризик од сиромаштија и социјално исклучување е зголемен до 41,3% во однос на 40,1% во 2014 година, што ја рангира Бугарија меѓу ретките земји со раст на овој показател.

Вкупниот број на луѓето во Бугарија кои живеат во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, во 2015 година е приближно 3 милиони луѓе. Во 2010 година, сепак, нивниот број бил над 3,7 милиони луѓе, покажуваат податоците на Евростат.

Втора во ЕУ по удел на населението во ризик од сиромаштија и социјално исклучување е Романија, а понатаму следат Грција, Латвија, Литванија, Хрватска и Кипар.

Најнизок е процентот на населението во ризик од сиромаштија и социјално исклучување во Чешка - под 15%, Шведска (16%) и Холандија (малку над 16%).

За периодот 2014-2015 година процентот на населението во ризик од сиромаштија во ЕУ се намалува во поголемиот дел од земјите. Најсилно е намалувањето во Унгарија - со 3,6 процентни поени, и Романија - со речиси 3 поени. Во Словачка нема промена, додека во Литванија се регистрира раст од 2 процентни поени, во Кипар - со 1,5 поени, а во Бугарија - 1,2 поени.

Во споредба со 2010 година процентот на населението во ризик од сиромаштија и социјално исклучување во ЕУ е речиси без промена. Единствено во Грција, Кипар, Италија, Шпанија и Естонија се забележува значителен пораст, иако највисок е тој во Грција поради кризата во земјата - 8 процентни поени.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години