„Фајнанс тинк“: Земјоделскиот сектор изгуби најмногу работници во кризата, во угостителството бројот е задржан
Објавено во: Економија 07 Февруари, 2021
Анализата на „Фајненс тинк“ укажува дека во време на пандемијата со ковид-19, земјоделскиот сектор изгубил 20.776 работници во Македонија, поврзани посредно или непосредно.
Парадоксално е тоа што ова се случува во период кога секторот расте за 4,6 отсто, во услови кога, од друга страна, невработеноста не се намалила толку многу колку што се намалил за 9,1 отсто во вториот и третиот квартал од 2020 година.
Од тука се заклучува дека пристапот до стандардните мерки кои власта ги употреби за зачувување на работните места во сите сектори.
„Одработените часови се намалија за 28 отсто, а доходот од плати за 16 отсто. Оттука, земјоделските работници беа и најсилно погодени од ковид-19 кризата, и најмалку заштитени од владините мерки“, се вели во анализата.
Како споредба, бројот на изгубени работни места во секторот преработувачка индустрија, во истиот период, е нешто над илјада, во градежништвото околу 2.5 илјади, во транспортот 2 илјади, додека во угостителството бројот е задржан, а во трговијата се забележува зголемување од 4.5 илјади работни места.
Од „Фајненс тинк“ велат дека мерката „14.500 денари за плата по работник“, но и мерката за субвенционирање на најмногу 50 отсто од социјалните придонеси, не можеле да бидат искористени од страна на земјоделските работници.