17 Јуни, 2024
0.0296

ФАКТОР ЕКСКЛУЗИВНО, ОРТОПЕДСКИОТ ХИРУРГ ВИКТОР КАМНАР ЗАМИНУВА ВО СИСТИНА: „Ова е нов предизвик за мене“

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите македонски специјалисти, ортопедскиот хирург д-р Виктор Камнар, по подолги преговори, прави трансфер од Универзитетската Клиника за ортопедија и ќе премине во приватната клиничка болница „Аџибадем Систина“.

- Ова е нов предизвик за мене, во тек е трансферот во најпрестижната приватна клиника „Аџибадем Систина“ и сакам да кажам дека е голема чест да се биде дел од новиот ортопедско трауматолошки тим особено што најголемата и најпрестижната приватна клиника истовремено е и наставно научна база за студентите, специјализантите и докторандите по медицински науки“, изјави за Фактор, д-р Камнар.

Инаку, точно пред две години на Клиниката за ортопедија е направена првата експлантација на коскено ткиво од починат донор, а д-р Камнар беше дел од тимот. Д-р Камнар е автор и на повеќе стручни книги, а една од нив е „Основи на коскената трансплантација“

Тој од октомври 2021 година е и на чело на Македонското друштво на ортопеди и трауматолози.

Во наредните две години, колку што ќе остане на оваа позиција, како што изјави д-р Камнар, ќе се стави фокус на меѓународната соработка од областа на ортопедијата и трауматологијата, зацврстување на веќе поставените принципи, но и воведување на иновации преку редовните состаноци на здружението.

А. Б.

Можеби ќе ве интересира

„НА ОВАА ФУНКЦИЈА ПРИСТАПУВАМ СО ЦВРСТА РЕШЕНОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ“: Еве што кажа Муцунски по официјалната потврда дека ќе биде прв човек на МНР

„НА ОВАА ФУНКЦИЈА ПРИСТАПУВАМ СО ЦВРСТА РЕШЕНОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ“: Еве што кажа Муцунски по официјалната потврда дека ќе биде прв човек на МНР

Претседателката Силјановска Давкова на средби со грчкиот и бугарскиот премиер

Претседателката Силјановска Давкова на средби со грчкиот и бугарскиот премиер

ОСМАНИ ЈА ИСПРАЌА ЕЈУПИ ВО ДИПЛОМАТСКА МИСИЈА: поранешната ТВ презентерка ќе помага во „издавање документи“

ОСМАНИ ЈА ИСПРАЌА ЕЈУПИ ВО ДИПЛОМАТСКА МИСИЈА: поранешната ТВ презентерка ќе помага во „издавање документи“

КОНЕЧНО СЛОБОДА: По цели шест години ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески излегува од затвор

КОНЕЧНО СЛОБОДА: По цели шест години ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески излегува од затвор

ДУИ „во шок“, Стоилковиќ ќе го наследи Груби: Србин со путинистички убедувања!

ДУИ „во шок“, Стоилковиќ ќе го наследи Груби: Србин со путинистички убедувања!

ШЕСТ ГОДИНИ ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР: Што се направи, што се имплементираше и како се реализираше?

ШЕСТ ГОДИНИ ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР: Што се направи, што се имплементираше и како се реализираше?

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД ГРАДСКАТА ПЛАЖА НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Р'ѓосани шипки, обраснати терени, искршени спортски реквизити (ФОТО)

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД ГРАДСКАТА ПЛАЖА НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Р'ѓосани шипки, обраснати терени, искршени спортски реквизити (ФОТО)

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ДЕЧИЊА ВО ГРАДИНКИТЕ – но и натаму недостигa кадар

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ДЕЧИЊА ВО ГРАДИНКИТЕ – но и натаму недостигa кадар

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите