19 Декември, 2025
0.0402

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

Објавено во: Македонија, Анализа 17 Јуни, 2024 06:00

Добивај вести на Viber

Летната сезона е во полн ек, а допрва се очекува да се зголеми бројот на корисниците на годишните одмори. Меѓутоа пред да заминете на одмор, важно е да ги проверите документите за да избегнете потенцијални проблеми на границата на земјата во која ќе патувате.

На сопствениците им останува да утврдат дали нивните патни исправи се валидни, како и да проверат кои се условите што треба да ги исполнат за земјата што решиле да ја посетат.

Бидејќи често се случува многу луѓе да заборават да ги земат со себе пасошите, уште почесто се случува да не проверуваат до кога им е валидна патната исправа, па се чудат кога на граница ќе ги известат дека нивниот документ не соодветствува со правилата на земјата во која решиле да летаат.

Грција

Доколку патувате во Грција, вашиот пасош мора да има важност најмалку три месеци, сметајќи од моментот кога треба да ја напуштите територијата на Грција.

Турција

Кој ќе реши годишниот одмор да го помине во Турција, треба да знае дека важноста на личниот документ за преминување на границата мора да важи најмалку 150 дена од денот на официјалното влегување на територијата на споменатата земја.

Хрватска

Кога се зборува за Хрватска, патната исправа мора да има рок на важност од најмалку три месеци, сметајќи од датумот кога е планирано враќањето.

Албанија

За Албанија доволно е патниците да имаат валидна биометриска лична карта или пасош, за да можат да влезат на територијата на оваа земја.

Египет

Египет во последно време е една од најпосетуваните земји, а потребно е да се знае дека за оваа земја потребна е туристичка виза која можете да ја добиете на аеродромите низ целата земја, додека оние кои патуваат  од аеродромот во Каиро им се препорачува порано да добијат виза преку конзулатите во земјата во која живеат. 

Црна Гора

Исто така, граѓаните на нашата земја можат да влезат во Црна Гора со важечки пасош или со важечка лична карта.

Секогаш се препорачува да ги проверите таквите информации на официјалната веб-страница на ресорното министерство или да контактирате со конзуларното претставништво на одредената земја пред да тргнете на патувањето.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот