21 Јуни, 2024
0.0273

ВЕСТ КОЈА ПРЕДИЗВИКА ШОК ВО ЦЕЛА ЕВРОПА - германскиот туристички џин ги откажа сите патувања од јули, повеќе од 175 илјади луѓе останаа без аранжман

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Третиот најголем тур-оператор во Европа ги откажа сите патувања со датум на поаѓање на 6 јули 2024 година!

Германската компанија FTI Touristik GmbH соопшти дека патувањата се откажани за корисниците да имаат сигурност да го планираат својот одмор пред почетокот на летот и можност веднаш да го резервираат своето патување со друг оператор.

- Германскиот фонд за патничко осигурување (ДРСФ) е подготвен да го регулира порамнувањето на постојните барања за поврат на пари со други тур-оператори. За толку кратко време, сепак, не беше најдено решение за преземање на аранжманот - изјавија од компанијата

Засегнати се 175.000 пакет аранжмани и одредени индивидуални услуги резервирани од клиенти за поаѓања од 6 јули преку несолвентните компании FTI Touristik и BigXtra Touristik, како и преку брендот 5vorFlug.

Со откажување на сите пакет аранжмани, партнерите на туристичките агенции FTI можат на своите клиенти да им понудат алтернативни патувања.

Германските медиуми јавуваат дека откажаните резервации се во вредност од стотици милиони евра. Депозитите за аранжмани треба да се рефундираат од страна на DRSF додека корисниците кои резервирале само поединечни услуги, како што се летови или хотели, немаат право на враќање на веќе извршените плаќања.

FTI Touristik GmbH, матичната компанија на FTI Group, неодамна поднесе барање за стечајна постапка пред Окружниот суд во Минхен во понеделникот.

(Kurir.rs/Feniks magazin)

Можеби ќе ве интересира

ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИТ: Колку ќе заработи Германија од ЕУРО 2024?

ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИТ: Колку ќе заработи Германија од ЕУРО 2024?

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ ВО ЦРНА ГОРА ПОРАСНАЛЕ: Зошто инвестициите се намалени?

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ ВО ЦРНА ГОРА ПОРАСНАЛЕ: Зошто инвестициите се намалени?

СЛОВЕНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА НЕЗАВИСНОСТА И ДЕНЕС: Нивниот БДП сега е шестпати поголем

СЛОВЕНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА НЕЗАВИСНОСТА И ДЕНЕС: Нивниот БДП сега е шестпати поголем

„МИСЛИШ ЛИ ДЕКА СУМ ЛУД“ - прашање поради кое вреди да се чита за Илон Маск

„МИСЛИШ ЛИ ДЕКА СУМ ЛУД“ - прашање поради кое вреди да се чита за Илон Маск

АКО Е ЗА НАША УТЕХА, ЛЕБОТ ПОСКАПЕ И ВО СРБИЈА - образложението е исто: Повисока цена на суровината

АКО Е ЗА НАША УТЕХА, ЛЕБОТ ПОСКАПЕ И ВО СРБИЈА - образложението е исто: Повисока цена на суровината

Мицкоски поднесе законски измени за да не поскапи струјата во првиот и вториот блок

Мицкоски поднесе законски измени за да не поскапи струјата во првиот и вториот блок

МИНИМУМ ИЛЈАДА ЕВРА ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ: Рипна износот на синдикалната кошница за само еден месец, еве колкава е таа за јуни

МИНИМУМ ИЛЈАДА ЕВРА ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ: Рипна износот на синдикалната кошница за само еден месец, еве колкава е таа за јуни

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ВОВЕДУВА ЦАРИНИ ЗА ЈАЈЦА И ОВЕС ОД УКРАИНА - веќе е достигнат лимитот

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ВОВЕДУВА ЦАРИНИ ЗА ЈАЈЦА И ОВЕС ОД УКРАИНА - веќе е достигнат лимитот

МТЕЛ ПРЕГОВАРА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЛАЈКАМОБАЈЛ - фирмата ќерка на српски Телеком сака да го шири деловното работење на македонскиот пазар

МТЕЛ ПРЕГОВАРА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЛАЈКАМОБАЈЛ - фирмата ќерка на српски Телеком сака да го шири деловното работење на македонскиот пазар