СЛИКАТА КАЖУВА ИЛЈАДА ЗБОРОВИ: Експертка за говор на тело зборува за односот меѓу Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
Објавено во: Свет 15 Јуни, 2024
Речиси сите членови на кралското семејство денеска се појавија на балконот на Бакингемската палата за да го прослават официјалниот роденден на кралот Чарлс Трети.
Откако ја испрати парадата на коњ, принцот Вилијам им се придружи на сопругата Кејт и нивните малечки. Имено, оваа кралска двојка не е видена заедно во јавност од божиќната прошетка во Сандрингем, минатата година на 25 декември. Но, како што може да се види на фотографијата, двајцата се вљубени како и првиот ден, коментира експертот за говор на телото, Џуди Џејмс.
„Моментот кога нивните погледи се сретнаа е најубавиот показател за нивната врска. Неговите црти на лицето покажуваат колку е горд на сопругата, на своето семејство, а повратниот поглед на Кејт и нејзината широка насмевка, полна со љубов, нема потреба да коментар“, изјави Џејмс за Daily Mail.
Џуди исто така нагласи дека говорот на телото на Кејт Мидлтон покажува што значи да се биде член на кралското семејство. Полна со стоицизам, без трошка самосожалување или драма, таа се покажа како вистински наследник на титулата. Таа, исто така, додаде дека принцот Вилијам покажува дека е вистинска поддршка и за неговата сопруга и за неговиот татко, кралот Чарлс III, бидејќи и двајцата се борат со злобната болест.
Да потсетиме, Кејт Мидлтон денеска не се одвојуваше од своите деца со кои беше видена пред свечената поворка како и на самата парада, а потоа и на балконот на Бакингемската палата како ужива во сите сцени на церемонијата.
Исто така, на крајот на март оваа година Кејт Мидлтон даде видео-објава во која објави дека и е дијагностициран рак, а оваа недела ќе поминат точно пет месеци откако беше подложена на операција на абдоменот во Лондон.
Фото: ЕПА* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.