07 Мај, 2024
0.0257

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Беса транс“ остана без лиценца, тврдат дека не шверцувале гориво во автобусот

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

ОДЗЕМЕНА Е ЛИЦЕНЦАТА НА „БЕСА ТРАНС“

Oдземена е лиценцата за работа на агенцијата „Беса транс“. 

За автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници. Возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци поради што на фирмата „Беса Транс БТБ“ и се одзема лиценцата за работа, односно и се забранува вршење на дејност, информира Министерството за транспорт и врски.

АГЕНЦИЈАТА ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА ШВЕРЦУВАЛЕ ГОРИВО

Компанијата „Беса транс“ демантира дека со aвтобусот кој направи сообраќајка во Бугарија се шверцувало гориво или пиротехнички средства.

Тие објаснуваат дека во него немало ниту резервно гориво.

„Како агенција ја известуваме целата јавност, семејствата на загинатите и повредените во трагичниот случај, дека автобусот на ниту еден начин немал багаж за шверц на бензин, нафта или пиротехнички средства. Сите овие шпекулации служат за злонамерни цели обидувајќи се одредени страни да преземат предност на трагедијата, вкупниот капацитет на автобусот бил 450-500 литри дизел за користење на самиот автобус, а во никој случај немало резерва за шверцерски цели. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ја користат оваа дезинформација за уште повеќе да ги повредуваат членовите на семејствата, но и станува пречка за истражниот процес кој и официјално беше објавен“, велат од таму.

БОЧВАРСКИ ВЕЛИ ДЕКА ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека одговорност за автобуската несреќа мора да има и ќе има. Oд Царинската управа се очекува да информира за сите детали, што прикажало возилото на граничниот премин, какви документи приложил превозникот. 

Toj во изјава за Телма потсети дека вчера Владата на седница донесе два заклучока од кои едниот е Државниот инспекторат за транспорт веднаш да направи контрола во „Беса транс".

„Веројатно ќе се направи внатрешна контрола, ќе се провери дали, каде и каков пропуст имало. Не би сакал да прејудицирам, посебно не за друга институција – како постапувала, дали постапувала по закон, дали постапувала по закон, каде е пропустот и дали имало пропуст. Кога ќе излезат со нивните сознанија за овие прашања, има надлежен раководител и ќе ги кажат сите детали за постапувањето по овој предмет“, рече Бочварски.

РАЗРЕШЕНА НОРА ШАКИРИ

На социјалната мрежа фејсбук се огласи разрешената директорка на Театар комедија, Нора Шакири. 

Вели дека за време на своето директорување го издигнала и подобрила работењето на театарот, а разрешена е поради постапка против вработен, кој без образложение и денови заминал на патување, за што и ја прифатил казната, но потоа испратил анонимна пријава за мобинг.

„Почитувани другари, имам обврска пред себе и пред вас да ви образложам под какви околности денеска сум разрешена.

НИКОЈ НЕ Е РОДЕН ДИРЕКТОР не сум ни јас, но не е секој спремен да влезе во кал, а од тоа да нема лична корист..ЈАС БЕВ СПРЕМНА И ТЕАТАР КОМЕДИЈА СЕ ИЗДИГНА НАД СИТЕ ЦРНИ ОБЛАЦИ КОИ ГО НАДВЈАСАА

ДЕНЕС ИМА 442 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 168, Битола – 41, Прилеп – 31, Кавадарци – 24, Охрид – 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13, Делчево – 11, Ресен и Валандово – по 10, Демир Хисар – 9, Неготино и Берово – по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Тетово – 3, Македонска Каменица – 2, Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Регулаторната комисија за енергетика идната година ќе потроши повеќе пари за енергија, односно за струја и нафтени деривати, во споредба со оваа година.

Директорот на Институтот за судска медицина, д-р Александар Станков, кој заедно со уште двајца колеги уште од вчера се во Софија за да се приклучат на бугарскиот тим вештаци во процесот на идентификација на 45-те жртви од тешката сообраќајна несреќа, денеска за Фактор потврди дека веќе имаат дозвола.

Годинава ќе потрошиме 12,5 милиони евра за купување на вакцини против Ковид-19, според измените на програмата за задолжителна имунизација на населението за 2021. 

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта