05 Мај, 2024
0.0660

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Благоевград го забрани отворањето на македонскиот клуб, а за провокациите на Џамбаски ќе има протестна нота

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

БЛАГОЕВГРАД ЗАБРАНИ ОТВОРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ КУЛТУРЕН КЛУБ

Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб што требаше да го носи името на македонскиот поет Никола Вапцаров, наводно поради тоа што бил, како што велат од таму, „македонист“.

Претседателот на македонското здружение на ОМО „Илинден“, Благоевград, Атанас Кирјаков бил повикан да се пријави во полиција во Благоевград. 

Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин реагира откако советниците во Благоевград остро се спротивствија на отворањето на македонскиот културен клуб Никола Вапцаров, кое требаше да се случи на 30 месецов. 

ОСМАНИ НАЈАВИ ПРОТЕСТНА НОТА ПО ПРОВОКАЦИИТЕ НА ЏАМБАСКИ

Македонските власти ќе упатат протестна нота до Бугарија. 

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, ќе прати официјална протестна нота до Бугарија поради последната изјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој го навредуваше премиерот Димитар Ковачевски. Тој покажа и територијални претензии со тоа што зад него додека говореше имаше карта на Голема Бугарија, односно и Македонија беше прикажана како дел од Бугарија.

ЗАЕВ НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Поранешниот премиер Зоран Заев, на денешното предавање на тема „Енергетската и инфлациската криза“, што се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа, рече дека нема да се враќа во политиката и да се кандидира за претседател на Македонија на следните претседателски избори.

– Немам намера да се вратам во политиката и да им олеснам на неколку луѓе и заради Фондацијата Заев и заради моите општествени активности, јас си го сакам нашиот народ, јас ја сакам државата. Немам намера да се кандидирам за претседател на државата, мирни да бидат спокојни. Дваесет години сум во политиката, ќе ја помогам оваа и секоја идна Влада имам наследство внатре, големи одлуки донесов. Сакам да успее мојот народ, сакам да успее државата. Убаво е да расчистиме. Не зборам само за кога бев политичар за опозицијата тогашна моја и за моите луѓе од СДСМ, и за коалициони партнери и за опозицијата-Заев нема да продолжи. Еве едно важно прашање, темите важни да ги пренесуваме, оваа тема можеби на некој ќе му олесни, ама на луѓето ги интересира живеачката, денеска тоа што се случува, рече тој на панел-дискусијата во Тетово.

МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА РУСИНОТ КОЈ БЕШЕ ОДГОВОРЕН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА

Главниот човек задолжен за мобилизацијата во Русија, Роман Малик кој имаше 49 години е пронајден мртов. 

Телото е пронајдено во семејната куќа во Приморски. Малик е пронајден обесен за ограда, пренесе британски Mirror. Отворена е истрага за убиство, но и можноста за самоубиство не е исклучена. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во последните месеци Македонија и земјите од регионот беа мета на засилени сајбер напади кои се одразија преку хакирање на веб страници на државни институции, упади во бази со податоци и инфицирање на ситеми со штетен софтвер (малвер). 

Конечно добри бизнис вести од производител на храна и тоа на раноградинарски производи. „Оранжерии Хамзали“ има повеќе од солидна година и добивка која надмина 2 милиони евра за девет месеци и е поголема за повеќе од пола милион евра од лани. Резултатот е компилација од кратење на трошоци и раст на продажба

Две компании на бизнисменот Ратко Капушевски поднеле барање за лиценци до Регулаторната комисија за енергетика, од кои едната - РКМ Доо за трговија, а другата РКМ Енерџи за снабдување со природен гас.

Ласерски радарски систем развиен од CHC Navigation е изложен на Конференцијата на кинеската геопросторна индустрија и науки во 2022 година што се одржа во меѓународниот конвенциски и изложбен центар Бинху, Хефеи, провинцијата Анхуи во источна Кина, 11 август 2022 година. (People's Daily Online/Yuan )

Поминаа дури девет месеци откако е избрана на престижната владина позиција вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење, а дури деновиве на веб страницата е објавен имотниот лист на владината потпретседателка Славица Грковска.

Префрлање на дел од обврските и одговорностите од Агенцијата за енергетика на МЕМО, продолжување на рокот за важење на лиценците на енергетските контролори, се дел од измените планирани во новиот Закон за енергетска ефикасност.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца