15 Мај, 2024
0.0577

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Боки 13 доби 9 години затвор, а Ременски е ослободена во случајот „Меѓународен сојуз“

Објавено во: Македонија 07 Април, 2022

Добивај вести на Viber

ИМА ПРЕСУДИ ЗА СЛУЧАЈОТ „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“

Бојан Јовановски за измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“ е осуден на 9 години казна затвор. Неговата помошничка Јасна Херцеговиќ за истите обвиненија е осудена на 4 години. Христина Блажевска, исто така помошничка, доби казна затвор од една година.

Поранешната потпретседателка на СДСМ, Фрозина Ташевска Ременски, се ослободува од обвинението, бидејќи јавниот обвинител немал докази дека ги убедувала измамените со својот авторитет.

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, е осуден на две години казна затвор условно, доколку за пет години не стори кривично дело.

Поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, денеска по пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“ во која доби ослободителна пресуда, пред медиумите рече дека е физички и психички исцрпена и дека сака прво да ги среди емоциите пред да коментира во јавноста.

„Јас сум задоволна од одлуката. Повеќе од две години и псигички и физички, како и емоционално поминувам исцрпувачки низ овој процес. Да ја добијам пресудата, па ќе дадам повеќе образоложенија. Треба да си ги средам емоциите од овој долг и измачувачки процес за мене, изјави поранешната функционерка.

ШТРАЈКОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Покачувањето на минималната плата не би требало да биде причина за отпочнување на протести. Тоа е плата покачена на работниците доминантно во приватниот сектор кои што работат во фабрики и во услужен сектор. Преку даноците  од приватниот сектор се исплаќаат платите на сите кои што работат во јавниот сектор, а јавниот сектор има 138.000 вработени. Тие 138.000 ги примаат своите плати благодарение на придонесите, благодарение на даноците кои што ги плаќа приватниот сектор, тоа не треба да биде причина да се врши притисок и да се прават протести. О

ва денеска го одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање во врска со најавените протести од страна на повеќе синдикати поврзани со барања за зголемување на платите.

РУСИЈА ГО ОТФРЛА НАЦРТОТ КОЈ ГО ДОСТАВИЛА УКРАИНА

Русија го отфрли нацрт-мировниот договор на Украина. 

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека нацрт-мировниот договор што Киев и го предложил на Москва содржи „неприфатливи елементи“, но дека Русија ќе продолжи со преговорите и ќе работи на исполнување на сопствените безбедносни барања. Вели дека во новиот украински нацрт се наведува дека на средбата на претседателите на двете земји треба да се постави прашањето за статусот на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. 

Се наведува дека Украина би можела да одржува воени вежби со странски држави без да добие дозвола од Русија, со што Москва не се согласува.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Завршната сметка за 2021 објави дека во таа година е во споредба со претходната има помал порастот на корисници на пензија или од 1,8 на 0,7 отсто за една година поради многу поголемата смртност.

Обвинителството веќе води две предистражни постапки по пријави кои до нив ги доставила Антикорупциската комисија.

Откако вчера Комисијата за заразни болести препорача укинување на носењто маски во затворен простор, граѓаните имаат поделени мислења. Некои од нив со радост ја пречекаа веста, иако знаат дека за да ги симнат маските пред се на работните места, а потоа и во моловите, театрите, кината, продавниците и така натаму, ќе мора да ја почекаат и одлуката на Владата.

По повеќемесечни активности денеска официјално заврши реновирањето на Одделението за онкологија на Клиниката за детски болести во Скопје. Ова е еден од најзначајните проекти кој е реализиран со донација од компанијата „Макстил“, а уште при потпишувањето на Меморандумот, лани во мај, беше посочено дека најмладите пациентчиња, кои се борат со најлошата болест ќе имаат подобри и подостоинствени услови за престој додека трае нивното оздравување, као и подобри услови на нивните родители кои се на Клиниката со нивните деца и воопшто, за целиот персонал кој се грижи за нивното оздравување.

Компаниите кои котираат на берза оствариле во 2021 година вкупна добивка од над 273 милиони евра. На листата се 94 компании од кои три сега се суспендирани од котација. Остварениот резултат е за над 22 отсто подобар од предминатата 2020 година, иако ако се анализира по компании, некои оствариле значајно подобар финансиски перформанс за разлика од повеќето кои имаат само солиден раст.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“