29 Април, 2024
0.0297

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фијаско на средбата меѓу македонските и бугарските историчари, нема согласност за Цар Самоил

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

НЕМА РЕЗУЛТАТ ОД СРЕДБАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ И БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ

Драги Ѓоргиев од Комисијата за историски прашања денеска изјави дека имале многуслојна  дискусија, но тоа не донело резултати. 

„Од оваа средба всушност нема резултати, но кога нема, и тоа покажува нешто“, изјави Ѓоргиев. 

Записниците не се потпишани поради придавката „македонски“, затоа што според историчарот има различно толкување на Договорот од Преспа. 

„Засега останува тој проблем, се разговара на едно повисоко ниво и се надевам дека ќе се најде решение“, кажа Ѓоргиев. 

Разменети се неколку варијанти, предлози, но имале различни мислења и гледања за тоа како треба да изгледаат идните учебници во двете земји. 

Бугарскиот историчар Ангел Димитров вели дека има суштински проблеми. Тој рече дека 11-та средба е нула и нема ниту еден минијатурен чекор. Според него, факт е дека блокирањето на потпишувањето на записниците, ја става под сомнеж работата. На два записници немало потписи. 

ДЕНЕС 1.100 НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-439, Куманово-56, Дебар-5, Штип-42, Прилеп-52, Тетово-58, Струга-29, Велес-27, Битола-73, Охрид-32, Кавадарци-51, Гостивар-68, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-15, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-23, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-2, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-16, Ресен-10, Неготино-22. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 585 оздравени пациенти од: Скопје-168, Куманово-37, Штип-37, Прилеп-47, Тетово-10, Струга-20, Велес-32, Битола-42, Охрид-41, Кавадарци-15, Гевгелија-8, Струмица-19, Крива Паланка-4, Радовиш-4, Кочани-13, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-2, Берово-4, Виница-10, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-14, Кичево-21, Ресен-6 и Неготино-11.

Починати се 30 лица, дванаесет пациенти од Скопје (85, 68, 65, 59, 52, 73, 59, 78, 85, 68, 49 и 68г), еден од Куманово (73г), тројца од Прилеп (73, 63 и 73г), еден од Тетово (62г), двајца од Струга (57 и 64г), двајца од Битола (62 и 67г), двајца од Гостивар (64 и 64г), еден пациент од Струмица (74г), еден од Радовиш (65г), еден од Крушево (80г), еден од Пробиштип (76г), еден од Берово (58г), еден од Ресен (66г)  и еден пациент од Неготино (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

СЕ ПРОШИРИ ЛАЖНА ВЕСТ ДЕКА ОДРЕДЕНИ ЗЕМЈИ ЈА ПОДДРЖУВААТ БУГАРСКАТА БЛОКАДА

Откако објавија бугарски медиуми, а веста ја преземаа и десетици македонски медиуми од Холандската амбасада во Скопје демантираат дека Холандија и дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почетокот на преговорите на Македонија. Во соопштение велат дека Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка. Оттаму велат дека вестите во кои се тврди тоа се целосно неосновани и лажни.

„На 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го информира холандскиот парламент за својата одлука дека првата меѓувладина конференција за Северна Македонија може да се одржи. Овој став останува, се разбира, непроменет. Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка“, се вели во соопштението на амбасадата.

ВАКЦИНИТЕ ЌЕ БИДАТ БЕСПЛАТНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Започнавме интензивни подготовки со цел да имаме ефикасен процес на вакцинација, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. 

Најави дека идниот период ќе имаат чести состаноци и ќе ја информираат јавноста. 

833.000 вакцини веќе се обезбедени, најави министерот и рече дека овие вакцини ќе ги добиваат согласно планот за дистрибуција. 

„Веќе доставивме барања за директни договори до две светски компании за нивните вакцини и после нивните иницијални одговори ги чекаме и дефинитивните потврди дека ќе можеме да набавиме директно од компаниите“, вели министерот. 

БУЧКОВСКИ ОДИ ВО СОФИЈА

Специјалниот претставник за Бугарија, Владо Бучковски наскоро ќе оди во Бугарија откри денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. При посетата треба да оствари неколку средби во Софија.

Османи вели дека Бучковски е негов предлог.

„Предлогот за специјален претставник да е Владимир Бучковски беше мој, на МНР заедно со премиерот, со цел да се врати довербата во Договорот меѓу двете земји. Бучковски треба наредната недела да отпатува во Софија“, изјави Османи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Изминативе денови е направено големо преместување во Градската болница „8 Септември“, односно преместен е Тријажниот центар во кој доаѓаат по 150 пациенти дневно, од каде по направените прегледи се хоспатализирааат или во таа болничка установа, или пак се препраќаат во останатите ковид-центри.

„Бројчаникот“ на Заев конфискува недвижнини преку Агенцијата за одземен имот, но тешко ги претвора во пари. Ова го констатира независниот ревизор во својот извештај објавен на средината од октомври годинава.

Во услови на пандемија од корона вирус „Аутомакедонија“ успева да одржи солидно ниво на продажби од 5,5 милиони евра и завидно ниво на оперативна добивка која која во споредна со истиот период лани е пониска само за 7 отсто.

Пазарот на приватно здравствено осигурување ќе доживее значителен подем, а се повеќе компании ќе пројават интерес дополнително да ги осигуруваат своите вработени, вели Митко Теохаров, директор на служба за прием во осигурување во Кроациа осигурување. 

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево