05 Мај, 2024
0.0466

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Имаше лажна дојава за бомба во автобуси на ЈСП, Советот на Град Скопје пренамени средства за плати

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО АВТОБУСИ НА ЈСП

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска објави дека се проверени сите автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје по лажната дојава за поставена бомба во еден од нив непосредно пред најавениот протест пред Владата.

- Проверени се над 120 автобуси, проверката продолжува во ЈСП. Ќе се обезбедат сите докази и истрагата ќе продолжи, најави Спасовски.

СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ПРЕНАМЕНИ СРЕДСТВА ЗА ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

Советот на Град Скопје попладнево изгласа пренамена на средства од буџетот за плати во ЈСП Скопје. 

Советниците усвоија заклучок со кој се задолжува градоначалникот со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да достави одлука до Советот на град Скопје за прераспределба на средства за ЈСП Скопје, како би се овозможило непречено работење на претпријатието. За заклучокот гласаа 24 советници, без ниту еден против или воздржан.

СЕ КАРАА СЛАВЕСКИ И АРСОВСКА

Тензии имаше на денешната седница на Советот на Град Скопје. Претседателот на Советот, Трајко Славевески на денешната вонредна советничка седница се симна од своето место и  го одзема микрофонот на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, која во истиот момент зборуваше за криминалите ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите се малтретирани овде поради вас, дополнителни три часа. Досега ќе ја изгласавме иницијативата. Не се расправајте со советниците. Поради вашето вакво однесување, се малтретираме овде“, ѝ рече Славески.

OСМАНИ СЕ ИЗВИНИ ЗА ГРЕШКАТА СО ЗНАМЕТО

Министерството за надворешни работи изразува длабоко извинување за, како што велат, ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата Министри при посетата на Министерката Фајон на земјава, кое било едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите.

„Во исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на Министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста.

ПРОВОКАЦИИ ОД БУГАРИЈА

Претседателот на „Има таков народ“, Слави Трифунов бара Бугарија веднаш да го врати ветото на Македонија за Европската Унија(ЕУ). 

Според него, новото Народно Собрание треба веднаш да го врати ветото.

Нови провокации денеска има од соседна Бугарија. Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов од политичката партија „Преродба“ на денешната прва седница од новиот бугарски парламент изјави дека Македонија е втората бугарска држава.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Продавач е најголемиот институционален инвеститор Сава пензиски фонд кој одлучи да ги продаде своите 7,5 отсто од акциите за 5,6 милиони евра. Нема јавна потврда за тоа кои се новите сопственици на овие акции затоа што се најмалку двајца и не го исполнуваат законскиот услов по кој мора јавно да се обелоденат новите сопственици

Од 1 ноември, српскиот динар ќе биде на курсната листа на Народната банка, но и македонскиот денар ќе се најде на курсната листа на Народната банка на Србија. Ова е „ветер во грб“ за унапредување на соработката меѓу двете земји.

Граѓаните кои секоја година се вакцинираат против сезонскиот грип со воодушевување ја дочекаа информацијата дека од денеска почнува имунизацијата против инфлуенца и во разговор за Фактор велат дека оваа година здравствените власти овозможија таа да почне на време, односно во октомври.

Времето надвор деновиве можеби е топло, но такво сигурно нема да биде уште долго. Се ближи почетокот на ноември, кога температурите ќе паднат за неколку степени целзиусови, а она што во моментов е фактичка ситуација, е дека власта за наредниот месец се уште нема набавено гас за загревање на скопските радијатори.

Можеби ќе ве интересира

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица