05 Мај, 2024
0.0298

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Изби голем пожар во Битола, вечерва е ставен под контрола, а повредени нема

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БИТОЛА

Пожарот во „Жито Битола“ e ставен под контрола. 

Ангажирани се 27 пожарникари од битолската единица, а на помош пристигна и против-пожарно возило на РЕК-Битола.

Сега се чуваат силосите, кои се близу и каде има жито. Пожарот е пријавен во 17 часот и 20 минути.  Пожарникарите ќе останат цела ноќ. Битолскиот градоначалник Тони Коњановски, кој беше на местото, вели дека во моментот кога избил пожарот во фабриката имало двајца вработени, кои навремено биле евакуирани. Се смета дека пожарот почнал од покривот, кој е целосно изгорен. 

КОВИД БИЛАНСОТ ПОКАЖУВА ДЕКА ИМАМЕ НАД 1.400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 790, Битола – 92, Куманово – 57, Струмица – 48, Кавадарци – 45, Штип – 43, Прилеп – 37, Охрид – 36, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Гостивар – 31, Кичево – 27, Велес – 24, Ресен – 20, Неготино – 18, Кочани и Свети Николе – по 13, Крива Паланка – 10, Струга – 8, Виница – 7, Радовиш, Пробиштип, Богданци и Македонски Брод – по 5, Делчево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кратово и Демир Капија – по 2, Дебар, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.424), регистрирани се 214 реинфекции.

ПЕЦАКОВ ЌЕ ТУЖИ

Oд ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека случајот со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков е фабрикуван, а Пецаков ќе покрене постапки за клевета. 

Откако од СДСМ изјавија дека однесувањето на Пецаков било скандалозно и крајно неодговорно и побараа одговорност, од ВМРО-ДПМНЕ се јавија со реакција дека случајот е фабрикуван. Велат, ќе има одговорност за клевети. Од партијата додаваат дека градоначалникот Пецаков се тестирал на 19 јануари поради патување, а се изолирал веднаш откако го добил резултатот.

Додаваат дека два дена по првиот тест, градоначалникот Пецаков прави втор тест, на кој истиот е негативен. И двата теста се спроведени во Центарот за јавно здравје во Охрид, од каде и се шират сите небулози, додаваат од партијата. 

„СДСМ дефокусира од фактот дека со нивната неспособност убија 8 илјади луѓе, порано беше Наќе крив, сега Пецак им е крив. Ова е истото СДСМ, чиј што претседател Заев и министер Филипче преговараа за провизии од вакцини, на кои луѓе им умираа за кислород, им се палеа болници и луѓе живи гореа“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче