01 Јули, 2024
0.0429

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

ПРВИ КАДРОВСКИ ИМЕНУВАЊА НА НОВАТА ВЛАДА

Владата донесе повеќе одлуки за именувања на раководни кадри на државни институции. Овие одлуки ги вклучуваат следните назначувања:

Игор Јанушев е именуван за Генерален секретар на Владата. Јанушев е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје. Неговото претходно искуство вклучува работа како пратеник во Собранието, директор на ЈСП „Скопје” и раководител на Секторите за воздухопловство и за општи работи при Министерството за транспорт и врски. Како пратеник, Јанушев беше шеф на делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ и претседател на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Ивица Томовски е назначен за директор на Службата за општи и заеднички работи. Тој има магистратура по менаџмент на човечки ресурси и долгогодишно професионално искуство во деловното работење, консалтинг услуги и менаџирање во приватниот сектор. Томовски е поранешен управител на ЕЛЕМ Турс и има стекнато обуки на повеќе интернационални школи за менаџмент на човечки ресурси.

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање.

Претседателката денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу.

НА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА ПОВЕЌЕ БУГАРИ ОД МАКЕДОНЦИ, МАЕИ РЕАГИРА

Пописот во Албанија покажа многу повеќе Бугари од Македонци. Партијата на Македонците, Mакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) како единствена партија која ги застапува интересите на македонската заедница во Албанија, изразува огорченост и непризнавање на објавените резултати од Пописот во 2023 година. 

Велат дека бројките за македонското малцинство се манипулирани и фалсификувани. Ова го изјави лидерот на партијата Васил Стерјовски на прес-конференција во Корча.

Од име на партијата објасни дека македонската заедница не може да биде колатерална штета на патот на Албанија кон европското членство, поткрепувајќи го тоа со заканите на Бугарија, најпрво со признавање на непостоечкото бугарско малцинство, а потоа и со нереагирање на нивните предупредувања за заканите од бугарските власти кон Македонците за да се попишат како Бугари и условувањето со добивање пасоши.

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Кандидатката за партиски претседател, Славјанка Петровска бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ. 

Петровска на прес-конференција ги повика противкандидатите во недела да не се одржат изборите за нов лидер на партијата и да се формира привремено партиско раководство кое дополнително ќе ги закаже внатрепартиските избори кога ќе се создадат услови за тоа.

Петровска кажа дека досегашниот изборен процес бил нефер и се осврна на неколку забелешки зошто треба да се одложат изборите. Ја спомена регистрацијата на членството која не се вршела лично од самите членови, како и дека  некои од противкандидатите ги злоупотребиле личните податоци на дел од членовите на партијата.

МНР РЕАГИРА ДЕКА ЗЕМЈАВА ГИ ПОЧИТУВА МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република Северна Македонија, вклучително и од Договорот од Преспа. Oд институцијата потсетуваат дека неговата имплементација е обврска и за двете страни. 

„Воедно ја реафирмираме подготвеноста за искористување на сите можности кои ги нуди Договорот од Преспа за натамошно јакнење на билатералната соработка во сите области од заемен интерес. Во целост остануваме посветени на спроведување на европскиот интегративен процес преку доследно заокружување и надградување на започнатите реформи за членството во ЕУ, како наш врвен надворешно-политички приоритет“, стои во соопштението на МНР.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Сопственичката на најпрофилираната агенција за односи со јавност „Имиџ ПР“, Ангелка Пеева Лауренчиќ, во поткастот „Бизнис Муабети“ со колегата Мишко Иванов, зборува за почетоците на нејзината кариера , како и за почетоците на самата агенција пред 22 години.

Станува збор за кредити со кои битолска „Квасара“ ќе вложи во намалување на трошоци за струја, во зголемување на ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на работењето, но и во набавка на земјиште за иден развој на компанијата

Европската унија се пофали со намалена потрошувачка на јаглен во текот на минатата година. Воедно статистичкиот центар на ЕУ објави дека има пади и кај снабдувањето со природен гас.


Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово