02 Јули, 2024
0.0297

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Викторија Аврамовска - Мадиќ, претседателка на ЦИК на СДСМ вели дека  имале кредибилен и демократски процес за избор на претседател на партијата.

Како што кажа, гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера.

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54 отсто. 

„Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведоа согласно Правилниците донесени од ЦО и одредбите од Статутот на партијата. Во општинската Студеничани е констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучи да го поништи гласањето. Вкупно акредитрани во оваа општина се 66 гласачи, а во моментот на затворањето на ова гласачко место гласале 51 гласач. Констатиран е прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути поради скршена избирачка кутија. Извршена е замена на кутија и гласањето е продолжено. Прифатени се приговори во 6 општински организации, на 7 членови да им се овозможи гласање. Затоа што по проверка во системот се констатираше дека овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација. Вкупно 44 членови од 9 различни општини доставија пријави до Централната изборна комисија да им биде овозможено да може да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се контстатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација. Сите овие примери коишто ги наведов се незначителни и немаат речиси никакво влијание на целиот процес, но во име на транспратеноста и информираноста на членовите и на јавноста ги соопштуваме“, вели таа. 

Додаде дека по завршување на обработката на податоците Централната изборна комисија ќе ги соопшти и конечните резултати.

Можеби ќе ве интересира

ВИКТОР СТОЈАНОВ MУ СЕ НАЛУТИ НА ВИДИНОВСКИ ЗА РЕПОРТАЖА СО МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Кажувате дека нема Бугари, за тоа се одговара кривично

ВИКТОР СТОЈАНОВ MУ СЕ НАЛУТИ НА ВИДИНОВСКИ ЗА РЕПОРТАЖА СО МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Кажувате дека нема Бугари, за тоа се одговара кривично

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ЕЈУП РУСТЕМИ: Kоце Трајановски ќе раководи со Јавното претпријатие за државни патишта

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ЕЈУП РУСТЕМИ: Kоце Трајановски ќе раководи со Јавното претпријатие за државни патишта

ДЕСПОТОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ВО ТИРЗ: Ќе се посвети на политичката кариера во СДСМ

ДЕСПОТОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ВО ТИРЗ: Ќе се посвети на политичката кариера во СДСМ

ВРЗ НЕА ПАДНА ДРВО ВО СКОПЈЕ: Жена заврши во болница

ВРЗ НЕА ПАДНА ДРВО ВО СКОПЈЕ: Жена заврши во болница

НОВИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА: Функции добија Пандов, Клековски, Трајанов...

НОВИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА: Функции добија Пандов, Клековски, Трајанов...

ВМРО-НП ЗА БУГАРСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО НА БОЖИНОВСКА: Вака само ќе ја потврдиме тезата дека сѐ што е бугарско во Македонија се „шиканира“

ВМРО-НП ЗА БУГАРСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО НА БОЖИНОВСКА: Вака само ќе ја потврдиме тезата дека сѐ што е бугарско во Македонија се „шиканира“

Министерот Николоски кај Јанев пријави можен криминал во две претпријатија

Министерот Николоски кај Јанев пријави можен криминал во две претпријатија

Паднато дрво го затвори за сообраќај булеварот „Свети Климент Охридски“ во Скопје

Паднато дрво го затвори за сообраќај булеварот „Свети Климент Охридски“ во Скопје

СИЛНИОТ ВЕТЕР ЈА ПРЕКИНА РАБОТАТА НА ЖИЧНИЦАТА: Неговата јачина ги надминува дозволените граници

СИЛНИОТ ВЕТЕР ЈА ПРЕКИНА РАБОТАТА НА ЖИЧНИЦАТА: Неговата јачина ги надминува дозволените граници