29 Април, 2024
0.0415

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Јавна соба“ е затворена, приведени се неколку лица

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

„ЈАВНА СОБА“ Е ЗАТВОРЕНА

Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ме информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена, oбјави на Фејсбук, министерот за внарешни работи, Оливер Спасовски. 

„Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група. Сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат“, објави Спасовски. 

ЛИЦА ОД БИТОЛА, ВЕЛЕС И ШТИП СЕ ПРИВЕДЕНИ ЗА „ЈАВНА СОБА“

Полицијата соопшти дека денеска се приведени вкупно четири лица за случајот „Јавна соба“.

Од приведените  две лица  се од Битола, еден од Велес и еден од Штип, а се работи за директни учесници во групата „Јавна соба“ на платформата Телеграм. 

„Се работи на откривање и на тој кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност“, информираат од МВР.И премиерот Зоран Заев реагираше за социјалната мрежа Телеграм.

ДЕНЕС 336 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1964 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 145, Кавадарци – 27, Охрид – 25, Прилеп – 17, Тетово – 15, Куманово – 13, Велес – 13, Битола – 12, Делчево – 10, Струга – 10, Гостивар – 7, Гевгелија – 5, Берово – 5, Струмица – 4, Ресен – 4, Радовиш – 4, Кичево – 3, Свети Николе – 3, Неготино – 3, Крива Паланка – 2, Пробиштип – 2, Македонска Брод – 2, Крушево – 2, Демир Капија – 2, Кочани – 1.

Регистрирани се 385 оздравени пациенти од:

Скопје – 213, Прилеп – 27 , Куманово – 23, Кавадарци – 23, Тетово – 17, , Велес – 15, Штип – 12, Кочани – 9, Дебар – 7, Крива Паланка – 5, Радовиш – 5 ,  Битола – 4, Кичево – 4, Гостивар – 3, Берово – 3, Демир Капија – 3, Свети Николе – 2, Гевгелија – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2, Охрид – 1 , Неготино – 1 , Македонски Брод – 1 , Крушево –1 .

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје (53,61,81,84 и 86г), по еден од Кавадарци (72г), Гостивар (61г), Кочани (49г), Охрид (83г) и Прилеп (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

КАРАКАЧАНОВ ВЕЛИ ДЕКА ПРАТИЛЕ ВАКЦИНИ 

„Пријателе Заев, помогни ми да се сетам кој го зголемува српското влијание во Македонија? Ние ви испративме вакцина против КОВИД-19, но нема вакцина или лек за Стокхолмскиот синдром “, напиша вицепремиерот и лидер на ВМРО Красимир Каракачанов на својот Фејсбук профил.

Неговиот лут став доаѓа откаки Заев рече дека ќе се гради српскиот културен центар во Скопје и ќе ги врати наставата на српски јазик во училиштата. Како повод се користеше српскиот празник - Денот на Свети Сава.

БРИТАНСКИОТ СОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОМИНАНТЕН

Д-р. Горан Кунгуловски од приватната болница „Жан Митрев Клиник“, каде прв пат беше детектиран и британскиот сој на корона вирусот во нашава земја, денеска на прес-конференција излезе со подетални информации околу тоа како го детектирале и дали вакцините кои веќе се аплицираат се ефикасни и против него.

„Ние селектиравме повеќе изолати и ги откривме мутациите кои се конзистентни со новиот британски сој на коронавирусот. Ги детектиравме сите 23 мутации кои се за првпат објавени во Британија. Знаеме дека во самиот вирус се акумулирани одредени мутации, при самата  ПЦР метода за секој позитивен пациент се детектираат генерално три делови од коронавирусот. Во тестот кој ние го користиме се детектира и спајк протеинот., при што откривме недоследности кај некои пациенти, односно кај спајк протеинот утврдивме дека нема никаков сигнал. Тоа не наведе дека најверојатно има некаква мутација во спајк протеинот и со тоа направивме селектирана субгрупа на пациенти. Ги секвенциониравме  и кај еден пациент ги најдовме сите мутации што го дефинираат британскиот сој, истакна д-р. Кунгуловски.

Вели дека досегашните податоци покажуваат РНК вакцините даваат заштита и против новите новите соеви и како што рече, дури и да се појават нови соеви врз кои вакцините не би имале ефект, ќе може да се направат нови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се доекипира Агенцијата за примена на јазикот на земјава. Оваа нова институција планира да прими нови 13 вработени.

Во последниот период има сериозен раст на онлајн трговијата. Минатата година само до вториот квартал беше забележан раст од 177 проценти, особено кај домашните нарачки. Ова значеше и сериозно зголемување на работата во доменот на доставата на пратки.

ТТК банка остварила во 2020 година бруто добивка од 100,9 милиони денари (1,64 милиони евра) или 90,6 милиони денари нето (1, 47 милиони евра). Остварениот финансиски резултат на банката чии акции котираат на официјалниот пазар на Македонска берза покажуваат дека и покрај кризата предизвикана од пандемијата, друштвото успеало да остане отпорно на негативните влијанија и на предизвиците.


Во почетокот на јануари новиот сој на корона вирусот кој прв пат се појави во Велика Британија, е детектиран и во Македонија кај 46-годишен пациент во приватната болница „Жан Митрев Клиник“. 

Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски