08 Мај, 2024
0.0259

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Конституирано Собранието, се преговара за Влада

Објавено во: Македонија 04 Август, 2020

Добивај вести на Viber

КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО

Со 116 гласови – ЗА, и без ниту еден ПРОТИВ и ВОЗДРЖАН, Собранието ги верификуваше мандатите на новите 120 пратеници.

Изборот за пртседател, заменик претседател и членовите на Комисијата за прашања за избори и именувања, како и изборот на претседател на Собранието ќе се случат кога ќе се создаде парламентарното мнозинство, односно кога ќе се создаде мнозинство за формирање на новата влада.

До изборот на нов претседател на Собранието, со седниците ќе претседава досегашниот претседател во заминување, Талат Џафери, а на оваа седница за негови заменици беа избрани Горан Мисоски и Флоријан Бесими.

Претседавачот Талат Џафери им честиташе на колегите пратеници. Со ова практично завршува мандатот на претходните народни избраници. 

Заврши и мандатот на техничкиот премиер Оливер Спасовски и на министрите во владата, но тие ќе останат секој на својата должност, на чело со Спасовски, до изборот на новата влада.

ПОЧНУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДА

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се обрати по денешната конститутивна седница во Собранието. Тој најави дека се надева дека за 10 до 15 дена ќе биде формирана новата влада.

На прашањето дали уште стои на ставот дека ДУИ треба да оди во опозиција, Заев одговори дека сите опции се отворени за преговарачкиот процес.

„Да оставиме времето да покаже за да видиме со кога може да направиме коалиција. Јас сум разумен човек секако дека граѓаните преку своите гласови ги даваат правците и очекувањата. СДСМ може да формира влада и со ДУИ и со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Сите опции се отворени за преговарачкиот процес, изјави Заев.

Сите опции се од сега отворени, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Партијата на Мендух Тачи и официјално влегува во Владата. 

Демократската Партија на Албанците е првата партија која и официјално објави дека ја прифатила понудата од лидерот на СДСМ,  Зоран Заев, да влезе во составот на новата влада.

Ова го изјави Азем Садику од ДПА,  по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски од СДСМ. Садику најави дека се формирами и работни групи кои ќе разговарат за деталите.

ЗА 24 ЧАСА ИМА 5 ПОЧИНАТИ И 75 ЗАРАЗЕНИ

Нови 75 заразени со коронавирусот има во последните 24 часа. 

Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.

Направени се 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19 во:

-Скопје 32
-Куманово 4
-Штип 5
-Тетово 7
-Кавадарци 8
-Гостивар 8
-Струмица 1
-Кочани 1
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 2
-Виница 1
-Свети Николе 1
-Кичево 2
-Неготино 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти. 

ПРОНАЈДЕНО Е ТЕЛОТО НА МОМЧЕТО КОЕ СЕ УДАВИ ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

По два дена трагање, нуркачите денеска го пронајдоа безживотното тело на 16-годишното момче кое завчера исчезна во водите на Преспанското езеро.

Неговото тело било лоцирано во близина на Претор, токму на местото каде што тинејџерот последен пат бил во педалинката со која се возел со неговите другари. Станува збор за момче со иницијали И.М. од Ресенско.

Инаку, веднаш по неговото исчезнување, познаници на трите момчиња на полицијата им изјавиле дека децата биле непливачи, а никој од нив не носел елек за спасување.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Претставнивници од Министерството за образование и наука, денеска и утре на состанок со Комисијата за заразни болести ќе разговараат за почетокот на новата учебна година, по што конечно ќе се знае моделот по кој ќе се организира наставата од 1.септември. И од МОН и од Комисијата за заразни болести уверуваат дека овие денови ќе ги утврдат сите детали, а потоа предлогот ќе го достават до Владата.

Веќе е речиси извесно дека училиштата во земјава, каде бројот на деца е многу мал ќе имаат редовна настава со секојдневно одење во училиште, единстевно што треба да договорат е како ќе работат оние училишта каде има огромен број деца во паралелките.

Можеби и досега разговараа далеку од очите на јавноста, но од денеска почнуваат и официјално преговорите за обезбедување на новото парламентарно мнозинство, како и за новата Влада.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава