УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2024
Објавена e листата на најзагадени градови во Европа во 2023 година, а два македонски града се во топ 10.
На 8-то место е Струмица, а на 9-та позиција е Тетово. Србија, Босна и Херцеговина исто така имаат по два града на листата, а Црна Гора еден. Од другите европски земји во топ 10 е единствено Италија. Прв на листата е Плевља, а потоа се Торкиароло, Тузла и Зеница (Босна и Херцеговина), италијанскиот град Чеглие Месапика, потоа Бијело Поље во Црна Гора. Додека два града од Србија , Чачак и Врање, се на самиот крај од листата. Македонија со години има проблем со аерозагадувањето.
Претходно, на различни рангирања Македонија и БиХ беа едни од најзагадените земји во Европа.