19 Мај, 2024
0.0289

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Митинзите завршија, од полноќ почнува изборниот молк

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

НА ПОЛНОЌ ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК

Кандидатите за градоначалници денеска ги имаа своите последни митинзи и средби со граѓани. Од вечерва на полноќ стартува изборниот молк. Во недела се одржува вториот круг од локалните избори. 

ЗА 24 ЧАСА ИМА НАД 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.964 тестирања, а регистрирани се 417 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 155, Прилеп – 31, Куманово и Велес – по 26, Кавадарци – 24, Битола и Штип – по 17, Крива Паланка – 14, Кочани – 13, Тетово – 11, Охрид и Пробиштип – по 10, Радовиш – 7, Свети Николе, Делчево и Кратово – по 6, Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар – по 5, Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2, Крушево – 1.

Регистрирани сe 329 оздравени пациент од: Скопје – 151, Куманово – 35, Велес и Штип – по 15, Кавадарци – 14, Кочани – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Струмица – 9, Гевгелија – 8, Свети Николе – 7, Неготино, Берово и Пробиштип – по 5, Тетово, Кичево и Крива Паланка – по 4, Кратово – 3, Гостивар, Валандово, Богданци, Крушево и Пехчево – по 2, Радовиш и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (60г и 64г)  и Кочани (45г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Тетово (79г), Штип (66г), Битола (82г) и Крива Паланка (38г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 24.10.2021, од Скопје на возраст од 84 години, починат во болнички услови.

ВОНРЕДЕН НАДЗОР ПО СМРТТА НА 17 ГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ

Државниот санитарен и здравствен инспекторат уште од вчера попладне почнал со вонредниот надзор за смртта на 17 годишната пациентка.

Младата пациентка на Инфективната клиника е хоспитализирана во многу тешка состојба, 9 дена по појавата на првите симптоми. Со Брза Помош ја транспортирале од битолската болница каде престојувала само еден ден, но поради ниската сатурација и влошената состојба итно била префрлена на скопските клиники. Починатата девојка имала дијабетес. 

Министерството за здравство вчера соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 17 годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во текот на 2022 година на трпезата ќе имаме поскапи зеленчук и овошје за разлика од оваа година. Ова станува сѐ поизвесно.

Не дека некогаш имале лоши резултати, но добвките на македонските банки и натаму растат.

Големата банкарска тројка вчера преку берзата ги објави финансиските извештаи за првите три квартали од годинава.

Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој четврти мандат по ред е прв човек на главниот град на Словенија, ексклузивно за Фактор проговори за неговото долгогодишно управување со градот, и како му успеа да го направи светска метропола и целосно квалитетно место за живеење. 

Министерството за внатрешни работи (МВР) склучило со германската компанија „Веридос“ (Veridos GmbH) договор без да објави оглас во вкупна вредност од безмалку 3,5 милиони евра ( 218.300.000 денари). Договорот е објавен, а Бирото за јавни набавки одобрило да биде без оглас. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“