06 Мај, 2024
0.0255

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Недела неработен ден станува реалност, а листата за помилување е повлечена

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

НЕДЕЛА СТАНУВА НЕРАБОТЕН ДЕН

Од 1 јануари недела се дефинира како неработен ден. Собранието денеска ги усвои законските измени за работни односи, а кои ќе се применуваат од следната година. 

Прецизирани се дејностите во кои неделниот одмор може да се замени и со друг работен ден и тие по проценките се неопходни за нормално функционирање на општеството. Измените предвидуваат за 50 проценти поголема дневница и слободен ден за тие што ќе работат во недела, а се дел од овие дејности. 

За 100 отсто поголема дневница и слободен ден се предвидува за оние работници кои ќе работат во несуштинските дејности, што е регулирано со Законот за трговија, за кој пратениците треба денеска да расправаат.

ПОВЛЕЧЕНА Е ЛИСТАТА ЗА ПОМИЛУВАЊЕ

Ја информираме пошироката јавност дека Иницијативите за помилување покренати од Управите на затворите се повлечени од страна на Министерството за правда, објави заменик министерот за правда Агин Нухиу. Тој претходно рече се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од министерот Бојан Маричиќ, а кој требаше да биде испратен кај претседателот Стево Пендаровски.

Во последната објава Нухиу објавил и фотографија со Маричиќ и напишал

За каузата на правдата ние секогаш ќе дејствуваме!

НАДЛЕЖНИТЕ ДАДОА ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА АД „СЛАВИЈА“

Фатон Асани, директорот ја ДАУОИ денеска на прес - конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ изнело невистини за продажбата на акциите на АД„Славија“. 

Вели дека вредноста на компанијата е далеку помала од таа која тие на споменаа, односно 20 милиони евра. Асани кажа дека имотот во меѓувреме е распродаван на парче и зад затворени врати.  Тој се повика на соопштенија кои ВМРО-ДПМНЕ ги објавувало своевремено за „Славија“. 

„Цената на акцијата денес вреди многу помалку. Би го повикал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се пријави на продажба и да ги преземе и долговите“, рече Асани. 

ЦАРОВСКА НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ИДНАТА ВЛАДА

Министерката за образование и наука Мила Царовска донела одлука да не учествува во новата Влада чиј мандатар најверојатно ќе биде новоизбраниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски. Претходно како што објавивме и министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави дека не очекува нова владина функција

„Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите, рече Царовска.

ДЕНЕС ИМА 127 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 90, Охрид – 9, Битола и Штип – по 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Прилеп, Ресен и Виница – по 2, Куманово, Кичево и Струга – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Болно и понижувачко е тоа што државниот производител на струја ЕСМ на тендерот на ЕВН со судни маки понуди само 30 отсто од сопствениот инсталиран капацитет за производство на струја. 

Само 16 домаќинства добиле субвенции за набавка на соларни панели до 4 киловати за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка по огласот кој за прв пат годинава го објави Министерството за економија.

Државниот завод за ревизија побара од државата да направи пазарно прилагодување на повластени тарифи што малите хидроцентрали ги добиваат од производството на електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството